СНЕГОТ ПРЕДИЗВИКА ХАОС ВО БИТОЛА: Скршени дрвја, паднати бандери, непроодни улици!

  • November 18, 2018

Снегот предизвика проблеми низ градот. На неколку места паднати гранки и кабли. Затоа внимателно движење низ улиците, особено под крошните од дрвјата.

Вечерва до 19 часот висината на снежната покривка во Битола е 11 сантиметри.

Снегот во Битола веќе формираше снежна покривка. Тоа пак предизвика проблем во нормалното одвивање на сообраќајот.

Битола ја активираше зимската служба и механизацијата на ЈП „Нискоградба“ е на терен. Едни машини на сообраќајниците низ градот, а други низ Широк сокак во расчистување на снегот.

Според метеоролозите врнежите ќе продолжат и во ноќните часови и ќе се преместуваат на исток. На повеќето места ќе врне снег, на пониските места во централните делови ќе бидат мешани од дожд и снег, а на крајниот југоисток од дожд.

Утре се очекува престанок на врнежите и краткотрајно разведрување, а нов влажен и потопол бран со врнежи претежно од дожд ќе има во вторник, кога пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.

Фото:
Тв Тера

Претходно «
Следно »