СНЕГ ГО ЗАТРУПА МАВРОВО: Жителите не можат да стигнат до продавница, снегот се уште нерасчистен – службите спијат!

  • January 10, 2019

Снегот го затрупа Маврово. Жителите, но и оние кои дошле во своите викендици, наместо да се одморат, се фатија за работа. Со лопата во рацете, граѓаните сами го чистеа денеска снегот. Велат останале без вода и храна. Не можат да појдат до продавница, ниту до Ски Центарот, бидејќи локалните патишта не се исчистени.

Се жалат дека Општината и ЈП Македонија пат, молчат, ги нема никаде. Директорот на Македонија Пат, Гајур Кадриу за 1ТВ вели дека главниот пат во Маврово е исчистен, но дека екипите кои се на терен имаат потешкотии при чистењето на снегот, поради интензивните врнежи и снежната покривка која е над еден метар и дваесет сантиметри.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека врнежите од снег од попладне ќе засилуваат, особено во западните и северните делови на Македонија. Во овие делови на земјата снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри, а на планините и повеќе од 20 сантиметри.

Претходно «
Следно »