October 19, 2021, 3:44 pm

Собранието изгласа закон за лeгaлизација на дивогpaдби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната седница по скратена постапка македонското Собрание го усвои Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Законот кој беше поддржан и од власта, но и од опозицијата беше изгласан со 72 гласа ЗА и 5 гласа ПРОТИВ. Петмина пратеници беа воздржани.

Овој Закон предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, односно до осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“. Тој ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати согласно законот.

Од законот се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион каде има природното и културното наследство.

Законот вклучува гаражи, остави и базени, изградени без дозвола за градба. Дозволено ќе биде легализирање на дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство.

Latest News

Октомвриската пензија за пезнионерите ќе се исплаќа од 26 октомври

– Пензионерите со средствата од октомвриската пензија преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа ќе можат располагаат...

More Articles Like This