СОБРАНИЕТО ИЗГЛЕДАШЕ НА СТОЧЕН ПАЗАР: Ќе беше чесно да ја информираат јавноста за нивната одлука, ако немаат што да сокријат зошто се кријат од јавноста?

  • October 29, 2018

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното гостување во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце вели дека почесен пристап би било 8-те пратеници кои гласаа за уставните измени јасно да кажеле како планираат да постапат на денот на гласањето, додавајќи дека функцијата пратеник е значајна и голема функција и дека не е во ред да се лаже партијата и партиското членство.

-Дебатата за измена на уставот започна во понеделник. Освен тројцата притворени пратеници, останатите пет пратеници гласаа против усвојување на дневниот ред во понеделник, а во петок истите гласаа за уставни измени, вели Николоски запрашувајќи што суштински се сменило во тие пет дена.

Тој појасни дека Собранието наликувало на сточен пазар, како што кажал пратеникот Иван Стоиљковиќ. Николовски објаснува дека целиот притисок го вршел Заев со луѓето околу него со сите средства што им стојат на располагање, за опозициските пратеници да гласаат за уставни измени.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ објасни дека пратениците биле свесни дека договор е штетен тоа го објасни со пример, дека само двајца од пратениците од опозицијата јавно говореа во Собрание по однос на договорот.

-Ако пратениците биле убедени дека ова е добро за иднината на Македонија и пред се на Македонците како мнозински народ, зашто и останатите 6 пратеници не излезат пред јавноста и да објаснат зошто го направиле тоа, вели Николоски.

Тој објасни дека истите пратеници бегаат од јавноста и од медиумите бидејќи истите сакаат нешто да сокријат. Николоски посочи дека доколку немаа што да сокријат, ќе ја образложеа својата одлука јавно.

Претходно «
Следно »