СОБРАНИЕТО ИМ ЗАБРАНИ НА ВЕРСКИТЕ ЛИДЕРИ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА РАСПРАВАТА ЗА АБОРТУС: Верски лидери се обидоа да упаднат на собраниската дебата за абортусот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку верски лидери се обидоа да присуствуваат на денешната расправа за предлог-законот за абортус, но не им беше дозволено.

Неколку верски лидери се обидоа да дојдат на расправата. Бидејќи не беа поканети од страна на Комисијата за здравство согласно Деловникот, не им беше дозволено да присуствуваат“, напиша пратеникот Павле Богоевски.

Претседателката на Комисијата за здравство Мирсада Емини Асани, откако се споменаа верските заедници заебележа дека сите верски заедници во Македонија искажале интерес за оваа тема.

Почнувајќи од членот 19, амандман 7 од Уставот на Македонија, ние сме секуларна држава. Во сите досегашни пракси на работата на Собранието, се во насока дека не биле поканети верските заедноци, но тие имаат можност да го дадат и да го понудат своето мислење – објасни Асани.
Неофицијално од МПЦ велат дека претседателката на комисијата ги спречила да присуствуваат на расправата иако ова била јавна расправа и во минатото од МПЦ присуствувале на расправи за закони во минатото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This