Собранието утрово ја пpeкина маратонската расправата за решавање на спорот со Макпетрол

Поврзано

Куновска: Стојко е човек-храброст, човек-слобода

Софија Куновска на својот фејсбук профил му посочи на Заев дека треба да научи да ги почитува соработниците. Драг Зоране,...

Дали „Треска“ е новиот Холидеј Ин?

Зелената партија ДОМ остро реагира по објавите на социјалните мрежи дека во Општина Центар почнале да пристигаат барања за...

Премиерот Заев имаше телефонски разговор со премиерот на Шведска Левен, се разговараше на неколку теми

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска имаше телефонски разговор со премиерот на Шведска Стефан Левен на...
- Advertisement -

Собранието по повеќе од дваесет часа утрово ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка. Дваесеттата седница на чиј дневен ред е овој Предлог-закон ќе биде дополнително закажана.

Ова законско решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Во текот на расправата која траше и изминатата ноќ, пратениците од опозицијата со говори, реплики и контрареплики се обидуваа да го спречат донесувањето на овој закон.

Тие сметаат дека предложеното законско решение е еден од серијата закони што ја убиваат правдата и ги прекршуваат основните начела на правото.

Според нив, не може да има закон за спор зашто тој се решава со медијација и во судовите. Не смее, нагласија, Собранието да прерасне во квази суд, бидејќи тоа е надлежно само за ратификации на договори. Повикувањето на акти од минатото од 1987 година кои можат да се искористат како искуство, е недозволиво, посочија пратениците од опозицијата, а институциите не треба да се затскриваат зад законот, туку да го решат спорот на начин каде и како што треба. Тие очекуваат претседателот да се одважи и да стави вето ако овој закон сепак биде изгласан.

Latest News

Куновска: Стојко е човек-храброст, човек-слобода

Софија Куновска на својот фејсбук профил му посочи на Заев дека треба да научи да ги почитува соработниците. Драг Зоране,...

More Articles Like This