СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗАГЛАВИ НА КОСОВО: Победник нема, САД, Франција, Британија од една Русија и Кина од друга страна!

  • December 18, 2018
  • Коментари

На моменти бескомпромисни и со непопустливи ставови, на моменти емотивни и со пораки на самосожалување. Вучиќ и Тачи излегоа на мегдан пред Советот за безбедност.

Победник, барем формално, немаше, но она што беше очигледно дека петте најголеми светски сили останаа поделени по прашањето за легалноста на формирањето на косовската војска – САД, Франција и Британија од една, Русија и Кина од друга страна. Вонредната седница ја отвори Вучиќ. Рече дека Србија нема да деца за губење, а оти Приштина не можела да го проголта неуспехот од гласањето во Интерпол, по што уследиле ригорозните такси и формирањето на косовската војска.

-Се соочуваме со многу тешкотии во Косово и Метохија и морам да кажам дека сум многу загрижен, но им малку исплашен од иднината и за иднината, не само на мојот народ во Србија, туку и за целиот регион. Немаме ништо против ЕУ да го предводи диијалогот, но нам ни треба и ОН повеќе да се вклучат во целиот процес, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Тачи се врати поназад во минатото. Ја обвини Србија за етничко чистење и ја посочи дека е одговорна за смртта на 35 илјади цивили и силување на илјадници албански жени. Формирањето на косовската армија била природен одговор за зацврстување на косовскиот статус.

-Ако воопшто Косово направи грешка, тоа е единствено што чекаше пет години да формира своја армија. Можеби одлуката задоцни, но таа е валидна. Косовската армија не е и никогаш нема да биде закана кон никого. Косовската армија ќе биде професионална и мултиетничка, изјави Хашим Тачи, претседател на Косово.

Големите сили се судрија околу правното толкување на Резолуцијата 1244. За западните сојузници, Косово има право на своја армија, за Москва и Пекинг дека КФОР е селективен во исполнувањето на својот мандат.

-Во 1999 година, Косово стана независна и самостојна земја, призната од стотина членки на ОН. Оттука, неговата одлука да го прошири својот мандат на безбедносите сили, треба да се гледа во тој контекст, изјави Карен Пирс, амбасадор на Британија во ОН.

-Поткопувањето на Резолуцијата 1244 не е само пропуст, туку се прави со знаење и поддршка на водечките западни сили. Покренувањето вакво сценарио, може да доведе до крвопролевање и до реална катастрофа, која Балканот ќе го врати во перидот на конфликти, изјави Василиј Небензја, амбасадор на Русија во ОН.

На седницата тема беа и косовските такси воведени кон Србија, кои и покрај силните притисоци, Приштина не ги повлекува.

Денеска Могерини и Хан му испратија писмо лично на премиерот Харадинај, во кое наведуваат дека со последните еднострани акции, го загрозил дијалогот меѓу двете страни.

Претходно «
Следно »