СОНК: На вработените во градинките и училиштата не им се продолжува договорот за работа

Поврзано

ЗАПОЧНУВА УПИСОТ НА ПРВАЧИЊАТА: Од 2 јуни ќе започне уписот на деца во прво одделение

Уписот на првачиња ќе започне на 1 јуни во сите основни училишта во земјава. Поради ситуацијата со вируЦот корона,...

ВАЖНО: Годинава упис на факултетите само со диплома за завршено средно образование

На високообразовните установи, покрај веќе утврдените услови, ќе можат да се запишат и учениците од завршните години од учебната...

ОНЛАЈН НАСТАВА И ОД СЕПТЕМВРИ: Адеми изјави дека наставата за далечинско учење е возможно да продолжи и од септември

Mинистерот за образование, Арбер Адеми вели дека наставата за далечинско учење е возможно да продолжи и од септември, доколку...

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска обвини дека на вработените во детските градинки, основните и средните училишта не им се продолжуваат договорите за работа.

– Изминативе денови сме сведоци дека на голем број наставници, воспитувачи и негователи со повеќегодишно работно искуство, без никаква причина не им се продолжува договорот за работа, а на нивно место се примаат нови работници кои по некои „чудни “ критериуми, без ниту еден ден работно искуство, ги пополнуваат вештачки испразнетите места, наведува СОНК во соопштението.

Од Синдикатот посочуваат дека ваквата состојба за нив е неприфатлива и апелира до надлежните институции да се занимаваат со конечно решавање на статусот на овие работници, односно да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено работно време согласно Законот за работни односи и Спогодбата потпишана меѓу социјалните партнери од 2008 година.

– Исто така, сакаме да укажеме дека во моментов има голем недостаток на стручен кадар во градинките, а со сегашното отпочнување на процедури на огласи за вработување на испразнетите местата, подолг временски период сегашниот персонал ќе биде принуден да работи со и така преголемиот број на деца во групите, што е надвор од сите стандарди. СОНК најостро ќе реагира на ваквата ситуација, нема да дозволи работа во такви услови и ќе ги употреби сите расположливи законски средства за одбрана на правата и интересите на своите членови, се вели во соопштението.

СОНК ги повикува вработените во дејностите детска заштита, основно и средно образование на кои не им е продолжен договорот за работа, да се обратат до правната служба на Синдикатот и да ги остварат своите права на бесплатна правна помош.

Актуелно

БЕВ ВО РЕСТОРАН, И ЌЕ СИ ПЛАТАМ КАЗНА: Мицкоски на Фејсбук жали што во услови кога имаме 100 заболени од корона, власта се занимава...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил вечерва ја потврди информацијата дека во текот на попладневните часови...

ГЛУПАВА ОДЛУКА: Зошто Филипче избега од ова прашање?!

“Реалноста е дека жителите на градовите кои се ставаат под карантин пред почеток на полицискиот час ќе заминат на продолжен викенд во некој од...

КОРЕКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ВЛАДАТА: Во уште една општина забрана за движење од четврток до понеделник

Во продолжение на 60-тата седница што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза...

ИСКЛУЧОЦИ ОД ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Полицискиот час не важи за овие категории на физички и правни субјекти

Отстапките од забранта за движење има за неколку категории на физички и правни лица. Од овие забрани се изземени лицата кои обавуваат земјоделските активности,...

(Видео) ДЕТАЛИ ОД ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Карантин за дел од државата, забрана за одење на гробишта за целата земја

Владата на предлог на Комисијата за заразни донесе одлука за воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни)...

Повеќе вести