СОНЦЕ И ОБЛАЦИ: Температурата утре во Скопје ќе достигне максимални 15 степени

  • April 21, 2017
  • Коментари

Од понеделник утринската температура полека ќе се покачува, а во вторник наутро се очекуваат позитивни утрински температури насекаде.

soncevo-2

Времето  утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од девет до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до 15 степени.

В недела повторно ќе има засилен северен ветер особено во северните делови и вдолж Повардарието. В недела попладне ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд, а преку ноќта на планините појава на слаб снег.

Од понеделник утринската температура полека ќе се покачува, а во вторник наутро се очекуваат позитивни утрински температури насекаде. Дневните температури од недела брзо ќе се покачуваат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела ќе надминуваат 20 степени пред сѐ на југот од земјата.

Претходно «
Следно »