Сончево време со температура до 28 степени

  • May 19, 2017

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

sonchevovreme

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. Кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на нестабилност. Температурата ќе се движи од 23 до 30 степени.

Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува в недела. Врнежите на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер што ќе услови повторно намалување на температурата за околу 5 до 7 степени и ќе се движи во интервал од 16 до 23 степени.

И во почетокот на наредната недела во попладневните часови времето ќе биде променливо и нестабилно со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен благ пораст и ќе се движи во интервал од 18 до 24, а во вторник и среда од 20 до 27 степени.

Претходно «
Следно »