May 16, 2021, 9:12 am

Сончево со температура до 30 степени

Поврзано

- Advertisement -

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.

Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во наредните денови не’ очекува претежно стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.

Latest News

Дневен xopockoп за 16. мај 2021 година

Дневен хороскоп за недела, 16. мај 2021 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го...

More Articles Like This