Сончево со умерена облачност, попладне во планинските региони дожд

  • September 10, 2019

Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне претежно во планиските региони ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 31, Охрид, Крива Паланка и Берово 26, Маврово 23, Битола 28, Кавадарци 32, Дојран 33 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец и со услови за краткотрајна нестабилност попладне на западот. Дневните температури ќе бидат во Скопје 31, Маврово 23, Охрид 26, Крива Паланка 28, Берово 25, Битолаа 29, Кавадарци и Дојран 32 степени.

Прогнозата и за наредните денови е сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Претходно «
Следно »