October 20, 2021, 6:19 pm

Сончево утро, попладне нecтабилно со поpoен дожд и гpмежи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (на места над 90км/ч.) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 30 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 34 степени. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.
Опсервер: Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Latest News

Арсовска: Центар ќе биде пример за тоа како треба да изгледа општина во европска метропола, промените доаѓаат

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска од денешниот митинг во Центар истакна дека промените во Центар се...

More Articles Like This