СОН Е ГОЛЕМ ЧОВЕК: Ѝ даде гол на Звезда и се извини за Гомеш!

  • November 6, 2019

Фудбалерот на Тотнем, Хеунг Мин Сон, ја удвои предноста на својот тим на натпреварот против Црвена звезда на 0-2 (подоцна даде уште еден за 0-3), а по постигнатиот гол се помоли за Андре Гомеш.

Пред неколку дена, играчот од средниот ред беше главен виновник што Андре Гомеш, ја скрши ногата на дуелот во Премиер лигата, откако со бескомпромисен старт одзади го фаулираше фудбалерот на Евертон. Сценариото беше за неверување, па Португалецот мораше на носилки да го напушти теренот, а Сон доби директен црвен картон.

Сепак, тој вечерва покажа големо срце, и на мечот против Звезда се помоли за својот колега.

Претходно «