СООПШТЕНИЕ НА СПМ ЗА АВИРОВИЌ: Можеме да ја разбереме нејзината болка, тага и загриженост за своето дете, но недозволено е да шири невистини дека е испратена од партијата како претставник во некаква си пратеничка независна група!

Поврзано

Секој граѓанин заслужува достоинствен живот и ние ќе го овозможиме тоа

Се сретнавме и поразговаравме и со жителите на с. Виниче, Скопска Црна Гора. Заедно со кандидатите за пратеници во...

Јанушев од Свети Николе: Парите од рекетот наместо кај народот завршија во приватни џебови, земјоделците трпат

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и носител на ИЕ 3 од Свети Николе порача дека на 15-ти јули...

Рекетот се префрли и во царина

Денес при проверка на царинската управа на влатрешна контрола кај две царински службенички констатирана е поголема сума на пари...

Раководството на СПМ е изненадено од одржаната пресконференција на пратеничката Владанка Авировиќ за дадената изјава дека е претставник на СПМ во издвоената пратеничка група. Ова се вели во соопштението на Социјалистичката партија на Македонија.

Голем број членови сето тоа го прифатија со изненадување и негодување. Никој ниту е делегиран ниту е испратен од СПМ во таа група пратеници да ја претставува СПМ.

Колку и да сакаме да го разбереме нејзиното присуство во таа пратеничка група заради незамисливата, неправедна правно несватлива пресуда на нејзиниот син, поврзан со процесираниот предмет, реализираната обврска по доделениот јавен оглас. Нејзиниот став се коси со ставовите на СПМ. – наведуваат од партијата.

Од СПМ велат дека сметаат оти нејзиниот син е невин и заради неговата чесност, образованост и стручност е ставен на тапет од политички причини за уцена на неговата мајка.

Меѓутоа, и покрај тоа што сакаме да ја разбереме нејзината болка, тага и загриженост за своето дете, недозволено е да шири невистини дека е испратена од партијата како претставник во некаква си пратеничка независна група. Позициите на СПМ за склучениот договор со Грција се познати од самиот почеток на овој процес, па до ден денес. Тие се пласирани во јавноста преку нашите прес-конференции, соопштенија и објавени. СПМ ќе води постапка за дисциплинска одговорност за неодговорната изјава на пратеничката Владанка Авировиќ и таа ќе се води согласно Статутот на Партијата. – нагласуваат од партијата.

Пратеничката од Социјалистичката партија на Македонија, Владанка Авировиќ, на прес-конференција изјави дека не е исклучена од партијата бидеќи таму се почитуваат различните ставови.

Јас ќе продолжам да ги застапувам интересите на партијата во оваа пратеничка група. Задоцнивме многу за консензуално да ги решаваме прашањата. Во врска со сите етикети што ни ги налепија, времето ќе покаже дали е така, сите сме чесни, вредни и почитувани. – рече Авировиќ.

Нејзиниот син Василије Авировиќ е осуден на три години затворска казна во предметот „Труст“, во кој е осуден и Сеад Кочан. СЈО побара од фирмите „Трансмет“ и „Силекс неметали“ преку конфискација да вратат во државниот буџет скоро 18 милиони евра.

Обвинетите Сеад Кочан и Василије Авировиќ според обвинението формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во „РЕК Битола“.

„Силекс неметали“ е фирма ќерка на „Рик Силекс“, каде претседател на Управниот одбор на компанијата е претседателотот на СПМ, Љубисав Иванов – Ѕинго.

Актуелно

(Аудио) Вице Заев и екипата купуваат гласови во Струмица?

Веќе проверената технологија на купување на гласои за која читавме и слушавме на снимка што ја објави италијанскиот весник...

Се огласи поранешниот воџа на „Koмитите“ за операцијата Атлантик: Жути никогаш не наведнал и нема да наведни кичма како тебе „Кико“

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за следење на македонски граѓани поради наводен домашен тероризам, поточно македонски екстремизам....

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Свети Николе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Свети Николе. Проследете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/602440627318143/

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За...

120 нови случаи на Koвид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4,...

Повеќе вести