СОПРУГАТА НА МИЦКОСКИ, РОЗИ МИЦКОСКА ЗА „ВЕЧЕР“: Со Христијан се заедно уште од студентските денови, а стапиле во брак во 2005. година

Поврзано

ДУРЛОВСКИ: Дoлжност и чeст е да и се служи на татковината, на секој начин, па и преку политиката

Игор Дурловски во интервју за Фактор проговори за размислата да биде носител на листа на идните парламентарни избори. Тој...

НЕ МОЖЕ БЕЗ ДОБРО КАФЕ: Александар Николоски во едно поинакво светло

Александар Николоски, потпретседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Фрајдеј зборуваше за малку поинакви теми од оние на...

НИКОЛОСКИ ДО МЛАДИТЕ: „Бидете бунтовни, критикувајте и следете ги своите сништа“

Александар Николоски, потпретседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Фрајдеј зборуваше почетоците на неговата политичка кариера. Николоски, најмладиот...

На Божик во семејството на лидерот на ВМРО/ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има двојно славење. Со сите православни обичаи се слави Христовото раѓање, но и именденот на домаќинот.

За подготовките за Бадник, Божик, именденот, но и за други прослави кои ги слави семејство, а кои се во јануари, задолжена е неговата сопруга Рози.

За Бадник правиме домашно лепче со паричка, а за децата е многу возбудлив моментот кога го кршиме. Пет години наназад паричката се паѓа кај Христијан. За Божик, кога е и неговиот именден, традиционално, со дома месена погача одиме во Соборниот храм, кршиме лепче и палиме свеќи за здравје. Потоа, во домашен амбиент ручаме само со најблиските, во пријатна атмосфера. Инаку, можам да кажам дека јануари е месецот на нашето семејство. На 20 јануари го славиме Свети Јован, именденот на постариот син, а на 30 јануари го славиме Свети Антониј, роденден и именден на помалиот син, а, вели таа и додава, дека уште откога се венчале со Христијан, сами со семејството, или со најблиските пријатели, во домашен амбиент, ја слават и Нова година.

Рози е вработена жена, која многу ја сака својата професија и како професор по македонски јазик во скопската гимназија “Орце Николов” дава се од себе да ги поттикне тинејџерите да читаат книги и добро да го научат и да го почитуваат мајчиниот јазик. Рози е и мајка на 12-годишниот Јован и на тригодишниот Антони, кои како што вели, ги растат заедно со сопругот, но сега, кога тој се занимава со политика, таа презема поголем дел од задачата за нивно виспитување. Иако нејзиниот сопруг на митинзите покажува голема енергија, таа вели дека во кругот на семејството и со децата е сосема смирен, и оти има исто толку енергија и за нив. За себе кажува дека е позитивна и ведра личност која верува дека во секој човек има нешто добро.

Тоа е она што ме води напред. Така ги воспитувам моите деца, така ги учам и моите ученици. Сакам да го гледам доброто во луѓето и верувајте, така се успева да се биде среќен во животот, со избрани зборови раскажува Рози Мицкоска.

Таа е родена струмичанка, а во Скопје е од 1996 година, кога дошла да студира, па го засакала градот и сега во него се чувствува убаво. Со Христијан се заедно уште од студентските денови, а врската ја крунисале со брак во 2005 година.

Се омажив за инженер, магистер на Машински факултет. Сега живеам со професор на Машинскиот факултет и политичар. Иако е огромен предизвик, се надевам дека успешно се снаоѓам во таа улога. Сега, како жена на политичар не ми е потешко од претходно, има повеќе обврски, но секако и повеќе предизвици, вели Мицкоска и додава дека нејзиниот сопруг во она што го работи, ја има целата нејзина поддршка.

 

 

 

 

повеќе на vecer.press.мк

Актуелно

НАЈKPИТИЧНО ВО ЧАИР: Состојба по населби во Скопје

Од вкупно 89 новозaболeни од Ковид-19 на целата територија на Македонија, 35 се од подрачјето на град Скопје. Распоредено по...

(Видео) БОКИ 13 И СЕ ЗАКАНИ НА СУДИЈКАТА, ЗАЕВ Е КРЕАТОРОТ НА СЦЕНАРИОТО ЗА РУШЕЊЕ НА СЈО: Ако добие драконска казна има уште едно...

Скандалозни заврши зборови, вака наједноставно може да се објасни ситуацијата која денес ја затекнаа новинарите во судницата на едно од последните рочишта за случајот...

ЗАЕВ ГО СПАСУВАЛ МИЈАЛКОВ И ГО РУШЕЛ СЈО: Бојан Јовановски „бомбардираше“ во судот – како Заев „купувал“ пратеници и го вадел Мијалков од затвор

Средбата која што се случила помеѓу Зоран Заев и Јордан Камчев се случила на 02.април, а Камчев го снимал и Зоран Заев,  а за...

ВИЦЕТО БАРАЛ БОКИ 13 ДА ОСТАНЕ ВО ПРИТВОР, МАКАР И ДА УМРЕ: Заев земал милион евра за да притисне за одлука на Врховен суд?!

Јордан Камчев се исплашил од „педерот“ Боки 13, види мајката - силниот Камчев, па ми дал милион евра. Тој можеби дал, дал милион евра, можеби...

ВИДЕЛА, НЕ ВИДЕЛА, ЗАЕВ БИЛ, КАМЧЕВ БИЛ: Боки 13 ја направи Русковска пуздер во завршните зборови

Вилма Русковска се шетала како „Мечка Божана“ од медиум на медиум откако го уапсила Боки 13. Јовановски објаснуваше и едно нејзино гостување на „Канал...

Повеќе вести