СОПРУГА НА ПОЛИЦАЕЦ ГО ПРЕГАЗИЛА ДЕТЕТО: Нови детали за несреќата во Ѓорче Петров – жена без возачка дозвола го прегазила детето!

Поврзано

Пуkaње во Скопје: Три лица нaпaднале малолетници

На 03.07.2020 во 20,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на училиште на ул. “Призренска“, дошле...

70 годишно лице зaгинало во нeсреќа со трактор

На 03.07.2020 во 20.20 часот во Полициска станица Неготино, Ѓ.В.(52) од с.Тимјаник пријaвил дека во место викано „Бели Брест“...

Tрaгедија во Тетово, работник нaстрадал откако пaднал од скеле

На 04.07.2020 во 07.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека при изведување на градежни работи во с....

Автомобилот „опел астра“, со кој во неделата бил прегазен десетгодишникот на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров, го управувала жена без возачка дозвола, а по несреќата на нејзиното место седнал сопругот-полицаец, дознава „Нетпрес“.

Според очевидци на несреќата, затоа ниту сообраќајците не го направиле увидот според правилата за да го заштитат колегата. Сопружниците наводно го преместиле автомобилот од местото каде што се случила сообраќајката, што е спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот, па и полицајците на увид вршеле мерења на погрешно место, што предизвикало револт кај очевидците. Во меѓувреме, како што дознава Нетпрес, биле сменети браниците на возилото.

Според последните информации, здравствената состојба на прегазеното дете е подобра, но се чека да се извршат нови испитувања за да се утврди понатамошното лекување. Родителите на детето, велат нивни блиски, подготвуваат тужба за учесниците во сообраќајката, но и против институциите за неправилно водена истрага и увид.

Жителите на Ѓорче Петров, иако во помал број од вообичаеното и денеска се собраа на мирен протест на улицата Борис Сарафов пред Основното училиште „Мирче Ацев“ со цел да се зголеми безбедноста и спречат несреќите на улицата.

Во меѓувреме се поставени неколку заштитни столбчиња на тротоарите покрај училиштето, но граѓаните остануваат на барањето да се постават легнати полицајци и да има постојана полициска контрола.

-Советот на родители на денешниот состанок формираше тим и донесовме одлука да побараме официјална средба со градоначалникот на Општината Александар Наумовски, скопскиот градоначалник, Петре Шилегов и одговорен во МВР да разговараме за комплетни решенија, а не само еден семафор- рекоа од Советот.

Блокадите на улицата продолжуваат и понатаму.

Актуелно

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Повеќе вести