СОПРУГОТ НА ШЕКЕРИНСКА ВПЛЕТКАН ВО МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ?: Српската полиција ги уапcи менаџерите на „Дајнерс“ од Белград, вмешан и Божидар Јанковски?

  • December 3, 2018

Припадници на српската полиција во Белград уаспиле пет лица поради злoупотреба на службената положба и малверзации во врска со компанијат „Дајнерс Клуб Интернешнл Белград“

 

Уaпcени се Обрад Сикимиќ и Енес Зајмовиќ, бившите одговорни лица на „Дајнерс Клуб Интернешнл Белград“ д.о.о Белград, и Небојшка Станивуковиќ заедно со Ивана Петковиќ, бивши одговорни лица на Секторот за општи и правни работи и секторот за финансии на истото трговско друштво, поради постоење на основи на сомнение дека извршиле кривино дело злоупотреба на службена положба и соизвршителство.

Уапcена е и Јасминка Илиќ, бившо одговорно лице за Секторот за финансии на трговското друштво „Дајнерс Клуб Интернешнл Белград“.

Сомнежите на српската полиција се дека Сикимиќ, како одговорно лице во трговското друштво „СКБ Капитал С.А.“ од Луксембург, кој воедно бил и одговорно лице на трговското друштво „Дајнерс Клуб ИНтернешнл Белград“, во соизвршителство со останатите осомничени организирал изготвување на лажни финансиски извештаи со цел прикажување на позитивни финансиски резултати на „Дајнерс Клуб Интернешнл Белград“ доо.

Сикимиќ се сомничи дека во текот на 2015 и 2016. година му наложил на Зајмовиќ, а тој на Ивана Петковиќ и Јасминка Илиќ да извршат промена во финансиските извештаи со цел финансискиот резилтат да се покаже како позитивен.

На овој начин тие успеале да ги убедат претставниците на „Ерсте Кард Клуб“ од Загреб да извршат купување на уддел во „Дајнерс Клуб Интернешнл Белград“. На овој начин, Сикимиќ се здобил со противправна имотна корист од 4.545.104 евра.

Во Македонија се уште нема назнаки за отворање на истражна постапка дали во оваа организирана криминална дружина учествувал и сопругот на минситерката за одбрана Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски, кој воедно е и менаџер на „Дајнерс Клуб Интернешнл Скопје“.

Новинарот Миленко Неделковски, посочува дека токму Бобо „Дајнерс“ е дел од оваа органзирана криминана група од Белград, со која заедно делувал на сличен начин и во Македонија. Според Неделковски, во последно време Јанковски имал чести патувања во Белград, а оваа акција на српската полиција покажува и која била причината.

„Веќе подолги време Бобо Дајнерс, сопругот на Рада, избегнува да патува за Србија?!
Еве ја и причината.
Вчера во Белград е уапсен Обрад Сикимиќ и лепо друштво. Банкарскиот криминал на Сикиниќ во Македонија го спроведуваше Бобо Дајнерс.“ – пишува Неделковски на својот ФБ профил.

Претходно «
Следно »