СОСТОЈБАТА НА „БЛИЗНАКОТ“ СЕУШТЕ КРИТИЧНА: По два дена од инцидентот, повредениот сеуште во клиниката за интензивно лекување!

  • November 16, 2016
  • Коментари

Состојбата на тешко повредениот Трајковски не е променета. Тој се наоѓа на апарати за дишење на клиниката за интензивно лекувањe, откако пред два дена во престрелка беше повреден, а во обид самиот да се превезе до болница изгубил свест и контрола врз возилото кое се преврте

prestrelka

Според засега неофицијални информации, се работи за расчистување на сметки поради долгови со одредена група од скопски Грчец, но не се исклучува и можност да се работи за одмазничка акција, имајќи ја во предвид неговата, како што вели заменик-министерот за внатрешни работи Оливер Андонов „линија на работа“.

Според МВР засега се работи на пронаоѓање на врската помеѓу напаѓачите и дали се работи за криминална или криминално политичка одмазда. Имено, Даниел Трајковски и неговиот брат се дел од обезбедувањето на Оливер Спасовски, Зоран Заев и Петре Шилегов, а истите добивале незаконски прислушувани материјали со кои уценувале бизнисмени и угледни граѓани.

Повредениот во моментов е на апарати за дишење на клиниката за интензивно лекување.

Претходно «
Следно »