January 24, 2021, 3:11 am

Сотир Костов: Моќта на Обновата

Поврзано

Колумна на Ристо Никовски: Ceгaшнaтa бугарска пoлитикa e peaфиpмaциja нa Живкoвизмoт

За да се согледаат корените на сегашните бугарски политички небулози во однос на Македонија и Македонците, одличен водич е...

Цapoт e гoл

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја успеа да се пласира на светското првенство во 2010 година. Тоа беше за нив...

Колумна на Мирка Велиновска: Луѓе и глyвци

Овој текст им го посветувам на ,,револуционерите,, од шарената куртон СДСС-соросоидно – УЧКаста ГМО бројлерска оргија организирана од цијашот...
- Advertisement -

Моќта на Обновата!

Моќта на Обновата ја сочинуваат: Професор и Лидер за Обнова и Победа; Економски и Финансиски експерт; Врвен доктор – кардиолог, освојувач на светски височини и хуманист; Експерт по право и борец за правда; Докажан министер, посветен македонист и неуморен работник; Мотиватор, мобилизатор, организатор и тим лидер; Елоквентен, искусен експерт за меѓународна политика и нокаут-мајстор за дуели со политички противници; Победник, патриот и врвен светски Уметник; Македонска Хероина, доктор и витез за фер односи со противниците, останатите 116 лица од листите и сите верни членови и искрени симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. И секако, политиките, мерките и проектите, кои ги промовираат, и веќе ги реализираат.

Денес, на првиот ден од изборната кампања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, објави Евангелие по Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија: Македонија мора да се промени, а промената што сакате да ја видите е Обновата. Имаме визија за промена кон подобро. Време е за Промени. Време е за Обнова. Нова надеж, шанса за секого. Го паметиме минатото. Се бориме за иднината. Чест, почит и развој. Време е за правда. Да ги исправиме неправдите. Принципите се сé! Исправи се Македонијо! Даден збор дека се што ветуваме ќе исполниме.
Специјалистот, освојувачот на највисоките светски планински врвови и хуманист Сашко Кедев, ќе додаде: Основна цел на партијата е да спроведе здравствени политики кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во здравството. Понатаму, враќање на пациентите во центарот на здравствените политики бидејќи сите здравствени работници се таму кај што се поради пациентите, се наша примарна задача. А посебно ќе се зафатиме со: враќање на довербата на граѓаните кон јавното здравство, воведување на регистер на болни и дигитализација на здравствениот систем
Трајко Славески ќе заокружи: ефикасна држава и силни институции, конкурентен приватен сектор, интегрирана стабилна и безбедна земја и подобри услови за живот. И притоа ќе биде многу конкретен: раст на БДП од 4- 5% годишно и покрај негативниот раст оваа година; Намалување на стапката на невработеност под 10%; зголемување на платите за 25% во период од 4 години, реално зголемување не вештачко; Домашните и странски инвестиции од 4 милијарди евра за 4 години; извозна конкурентност; стабилни земјоделски субвенции; заштита на животниот стандард на пензионерите; зголемување на минимална плата; и Пензиите редовно ќе се усогласуваат, по старата формула, а не како до сега.
Носителите на листите се луѓе што Македонија одамна ги чекаше: докажани во професијата и почитувани во средината и воопшто во Македонија и пошироко. Гордана Силјановска – Давкова, првата дама на стручната експертиза за правно-политичко заздравување на заболеното македонско општество, јасно и одлучно порачува: Ќе се водам од правото, од правдата и од моралот! Ние мора да втемелиме, да возобновиме политика во границите на правото. Само таквата политика ќе овозможи европски стандарди на демократијата и ќе ни го отвори патот кон Европа. Тоа е познавање, тоа е обнова. И јас навистина верувам дека обновата е пред портите на Македонија.
Владо Мисајловски – Кендо, како носител на листата во изборната единица бр.2, на граѓаните им вели дека ќе можат да избираат помеѓу просперитет и проекти или лагите на Заев. А ВМРО-ДПМНЕ во проектот Обнова нуди просперитет на државата и проекти за севкупен развој и прогрес на Македонија. Изборот е: за ветувања кои докажано се исполнуваат(дадени и реализирани од ВМРО-ДПМНЕ) или за лаги и манипулации на луѓе познати по неуспеси – Зоран Заев и СДСМ.
Носителот во третата изборна единица Игор Јанушев – Јануш, уште во првиот ден од кампањата, со јасна мисла, моќен логос, и импресивна експресија обзнани: Ветуваме работа, извесност и иднина – Имаме концепт и стратегија! Тоа е Обновата на ВМРО-ДПМНЕ за Македонија. Визијата на лидерот Мицковски, тој како докажан мотиватор, мобилизатор и организатор, ветува дека, заедно со неговиот тим, ќе ја претворат во реалност – Македонија – развиена, во прогрес – посилна од се! Со чесност, одлучност и упорност, до успеси, правда и повеќе среќа за секого. И ефективно поентира: Само така ќе си ја вратиме државата во рацете на народот и само така ќе покажеме дека Македонија е посилна од сите нив. Убеден сум во победа и подобра иднина. Исправи се Македонијо, одбери обнова! Јанушев уште на самиот почеток на кампањата, покажува и докажува дека ВМРО-ДПМНЕ има лидери и тимови за Обнова на Македонија. Впрочем тоа е и основната одлика на посветените на Македонија и македонската кауза.
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица бр.4, на избирачите, одлучно им порачува: По парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже како економски се обновува Македонија. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ после парламентарните избори во јули, ќе покаже како се враќа македонското национално достоинство. А за таа цел, сите во ВМРО-ДПМНЕ, силно и посветено ќе работат на враќање на македонското национално единство кое што во овие три години е погазено.
Игор Дурловски, на граѓаните од петката(ИЕ бр.5) им се претстави како вистински победник: Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и нашите политички опоненти. Во шест точки го истакна манифестот за Обновата: Да се врати достоинството на државата; Да се овозможи владеењето на правото; Да се зајакне економијата; Да се консолидира здравствениот систем; Да се унапреди образованието; и Да се стави на заслужено место македонската култура. Така работат патриотите и победниците.
Дафина Стојаноска, носител на листа во изборна единица бр.6, одржа час по џентлменство или ако сакате и витештво. Јавно кажа дека во кампањата нема никого да навредува, омаловажува и понижува. Доколку противниците го направат тоа кон неа, нема да одговара. Браво! Вети дека таа и нејзините соработници ќе бидат пример за сите. Дека секогаш во секоја прилика ќе ја зборуваат вистината, и ќе се борат таа да излезе на виделина. Сака да ги сподели маките и проблемите со граѓаните, но и да најде решенија за нив. И во стилот на тоа што го ветува, многу искрено поентираше дека не бара само глас, туку сака и да го чуе гласот на граѓаните. Искрено и до максимум чесно, од дама која вели дека држи до дадениот збор.
Ваков моќен и импресивен почеток на изборна кампања, јас досега не сум видел. Препознав знаење, умеење, посветеност, конзистентност, самодоверба, дисциплина, одговорност и совест. Македонијо, навистина исправи се! И биди горда.

Сотир Костов

Latest News

Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата,...

More Articles Like This