СОТИР КОСТОВ: Ова со Филипче, kpизниoт штaб и мерките, веќе е тpaгиkoмичнo – земете paбoтeтe, за sвeзди има време

  • March 17, 2020
  • Коментари

Тие што не знаат што е кризен менаџмент се опасни како корона вирус

Ова со Филипче, кризниот штаб и мерките, веќе е трагикомично.
Море луѓе, опасноста од корона вирусот не е шанса за враќање не министерот Филипче во живот(политички). Каква е таа стратегија на Владата, по неколку пати во денот да не малтретира со пресови мејд бај Филипче? Каде се тука портпаролите на Владата? Има ли тоа кризно тело портпарол? По тие пресови и обзнанените мерки, наместо да се чувствуваме барем малку посигурно, ние уште повеќе сме исплашени и загрозени. За што конкретно се работи? Власта во борбата со корона вирусот и заштитата на граѓаните е бавна, покажува големо непознавање на работите, неодлучна е и наместо да ги пресретнува лошите состојби, појави и ексцеси, таа каска и оди по нив.

Најпрвин криеја информации во врска со корона вирусот и состојбата на имање/немање вирус во Македонија. Потоа, дозволија доктор да е извор на ширење и зараза од вирусот, навреме не реагираа, не покажаа морал и одговорност. Тоа се однесува и за другите лица кои дојдоа од кризни подрачја а не беа изолирани, по правилата на кризна или вонредна состојба. Од тој аспект само изолирањето е смешно, ама се плашам на крајот да не биде погубно. Им предлагаше опозицијата воведување на кризна состојба, не прифаќаа. Потоа тоа го направија само за две општини. Немаа стратегија за прифат и изолирање на сите патници кои пристигнаа во Македонија, од високо и средно ризичните земји, па сега ги бркаат по домови, комшии, улици, села и градови, потенцијалните преносители на опасниот вирус. Тоа не е ефикасна борба, туку хаос, бркање на последиците, а не спречување на причините.
Се забрануваат јавни собири од било кој формат, а Јагода Шахпаска(пак докторка!?) во с. Мачево, општина Берово, вршела агитација за изборите, не се придржувала на мерките на Владата на Р.М. Со неа биле градоначалникот и директорот на комуналното претпријатие.
Тоа се вика болни за власт.

Во Грција има мртви од вирусот, и наместо ние веднаш да ја затвориме границата кон оваа држава, чекаме тие тоа да го направат, па тоа и се случи. Албанија пред нас ги затвори границите. Се договара одлагање на избори, ама судовите судат со полна пареа. Таму дневно се движат и доаѓаат во допир едни со други илјадници луѓе. Што е ова сега? Животите на адвокатите, обвинетите, судиите, обвинителите и сведоците не се вредни за заштита? Срамота! Уште не се задоволени нечии апетити за обвинување и осудување на вмровците, а?

А сега главното. Во оваа Влада и во тој некој си кризен штаб, изгледа некои луѓе не знаат што е КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ? Понатаму, истите тие, не знаат кои се неговите основни карактеристики? Па кои се основните мерки на тој кризен менаџмент? И кои се фазите, или брановите за реализирање на истите? Научете бре еднаш за секогаш, основна работа во ваква состојба се ИНФОРМАЦИИТЕ и нивното НАВРЕМЕНО ДОСТАВУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ (ПРЕКУ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ). Тоа значи, кажување на ВИСТИНАТА И САМО ВИСТИНАТА. А не криење на вистината, лаги и манипулации. Потоа, следи брза и сеопфатна ПРОЦЕНКА НА СОСТОЈБАТА, ОЦЕНКА НА РИЗИЦИТЕ И МОЖНИТЕ ЕФИКАСНИ МЕРКИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА НЕПОВОЛНАТА СОСТОЈБА. Луѓе бре, тука не е главен Филипче. Се работи примарно за БЕЗБЕДНОСТ НА ЗДРАВЈЕТО И ЖИВОТОТ НА ЛУЃЕТО. За нивната егзистенција. За функционирањето на државата во кризна, па ако сакате и вонредна состојба. Не е само здравството одговорно за тоа бре луѓе. Под итно војската и полицијата треба работите да ги преземат во свои раце!

Кој и кога ќе ни соопшти за државните резерви(брашно, шеќер, сол, гориво, конзервирана храна и сл.). Кој и кога ќе ни каже дали и колку имаме медицински препарати (ракавици, маски, респиратори и сл.). Синоќа ни кажаа дека не биле 8 туку стотина респиратори. Да веруваме ли? Еј, дури денес ни кажаа за нафтата. А за другите намирници и препарати? Кога? Луѓе, а што правиме со туризмот, економијата, банкарството (од аспект на обврските на граѓаните кон нив и неможноста да се спазат роковите за обврските). Треба ли да го споменувам и земјоделието? Се има ли план за заштита на земјоделските продукти? Еве да речеме за државен откуп, поради кризата, и намирување на потребите на граѓаните, поради ограниченото движење и сл.

Ќе соопшти ли некој, дали војската и МВР се подготвени во ваква неповолна состојба, и што превземаат да се спречи порастот на криминалот, кој редовно цвета во вакви состојби. Подготвени ли се да ги одбранат границите на Македонија од упад на мигранти и најразличен шверц. Како бе тоа овие од кризниот штаб, заборавиле да објават одлука во Службен весник, па аеродромот ќе се затворел, кога ќе се затвори? Е, во вонредна состојба тоа не е можно. Се знае кој, што превзема, кога, како и на кој начин.

Имаше ли некој аир од седницата на Советот за безбедност? Кои проценки му се реферирани на претседателот, а тој и советот да не предложат воведување на вонредна состојба? Војна состојба се прогласува врз основа на Устав, а не лекс специјалис, кој во случајот го нема. Свесни ли се техничкиот премиер Спасовски и претседателот Пендаровски дека Парламент не постои и дека тие треба да дејствуваат. Итно, неодложно, одлучно и решително. Алооо, за луѓето и нивното здравје и нивниот живот се работи. Нема префрлање на топка едни на други. Не е ова пинг-понг. Корона вирус е, башка пандемија е прогласена. Пендаровски, одважи се и донеси ги одлуките што треба да ги донесеш. Што, ќе те нападне некој? Не, немој да се плашиш. Секој што за тоа ќе те нападне ќе биде и исмеан и осамен и не прифатен.

И сега, најважното за иднината на нашата држава. Луѓе со кое темпо и каква динамика работи индустријата или тоа што остана од неа? Каква е состојбата со меѓународната трговска размена, и какви се предвидувањата? Свесни ли сте што се не очекува на економски план и на план на меѓународно движење на стока, финансиски средства и луѓе. Еј , дури денес слушаме за карантин и изолација на луѓе по касарни. Каде бевте до сега бе експерти? Што правевте, ако нешто правевте? Филипче ли го чекавте да не “забавува“ со прес конференции. Кога бре незналици ни едни ќе сфатите дека со прес конференции не се бори против вирус, зараза и пандемија каква што е короната.

Алоооо, отворајте тоа плановите за кризен менаџмент и постапувајте, дејствувајте, превенирајте, спречувајте, помагајте. Има време за прес конференции, и ѕвезди или трагичари како Филипче.

Сотир Костов

Претходно «