December 9, 2021, 7:43 am

Сотир Костов: Финално одбројување, победа или уште еден пораз на опозицијата?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Создавај и развивај оддржливи комуникации со граѓаните. Постави го семејството на здрави основи. Води грижа за градинките(децата) и училиштата(учениците). Развивај ги културата, уметноста и спортот. Освои ги улицата, квартот и населбата – тоа е успешниот социјален маркетинг за ефективна локална самоуправа.

Напред изнесеното е мојата формула за оддржлив развој во општините и градот Скопје. Во неа нема висока политика, нема теми од државно значење. Едноставно, сите теми и прашања се локални и во функција на локалниот економски развој на заедниците. На таков начин се создава позитивна економска, социјална, културна и политичка клима, што е основната и единствената задача на социјалниот маркетинг во функција на локален економски развој. Тоа е маркетинг насочен кон колективна корист и кон општ интерес. Но, тоа е задача на кандидатите за градоначалници и членови во советите на општините, кои на Локалните избори 2021 во изборната трка се натпреваруваат за освојување на локалната власт во 80 општини и градот Скопје, а јас како политички аналитичар, во оваа колумна, ќе ви ги претставам позициите на подносителите на листите и нивни шанси за победа во изборната трка.
Во Република Македонија има 33 општини со седиште во град, 37 општини со седиште во село и 10 општини во градот Скопје (Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари). Ајде да видиме како стојат работите со кандидатурите за градоначалници на предлагачите и нивните шанси за победа на локалните избори.
Еве ги општините во кои владеачката СДСМ и опозиционата ВМРО-ДПМНЕ со коалициите, ќе водат вистински изборен двобој кај О.К. Корал – сами си се конкуренти, едни на други: Бутел, Босилово, Богданци, Кавадарци, Виница, Зрновци, Кочани, Неготино, Пробиштип, Карбинци, Вевчани, Валандово, Василево, Градско, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Јегуновце, Крушево, Маврово Ростуше, Ново Село и Сопиште.
Од овие 22 општини, 11 општини се со седиште во град, 1 е од град Скопје, а 10 се со седиште во село. Во овој сегмент на изборната битка ќе се исцртаат контурите како на победникот, така и поразениот. Доколку опозицијата сака победа, во случајот ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, мора да победи во најмалку 12 општини.
Го може ли тоа ВМРО-ДПМНЕ или не? Ајде малку навивачки, па да кажеме, да може, ам обединето и ангажирано на терен кај гласачите.
Сега ќе ги наведеме општините во кои покрај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ има уште по еден кандидат за градоначалник: Охрид (+ TМРО), Дебарца (+ група избирачи), Дојран (+ПОДЕМ), Зелениково(+ЛДП/ДОМ – одлучно за промени), Кратово(+група избирачи), Конче(+ДПТМ), Македонски Брод(+ група избирачи), Могила(+ Мак. Трета Ера), Новаци(+ Мак. Тета Ера), Петровец(+ ЛДП/ДОМ – одлучно за промени), Пехчево(+ група избирачи), Радовиш(+ ЛДП/ДОМ – одлучно за промени), Росоман(+ Група избирачи), Свети Николе(+ Група избирачи), Старо Негоричане(+ ТМРО), Струмица(+ Интегра), Чашка(+ ДУИ), Чешиново Облешево(+ ЛДП/ДОМ – Одлучно за промени).
Тоа се 18 општини, од кои 7 општини се со седиште во град, а 11 со седиште во село. Тука веќе изборната битка е пожестока, а резултатот од неа е понеизвесен, од причина што опозицијата сама на себе си е противник, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ покрај против СДСМ, ќе се бори и против 5 опозициони партии, две парти од власта и 6 групи на граѓани предлагачи. Опозоцојата треба да победи во 10 општини за да се стекне со квалификативот победник.
Дали ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и има капацитет за вакво постигање? Се е можно, во неделе и ќе се увериме, дали е така или не.
Следуваат 8 општини во кој покрај двете најголеми партии кандидати имаат уште по два предлагача: Аеродром(+ Левица и ТМРО), Велес(+ Левица и БДС), Гази Баба(+ ТМРО и Интегра), Штип(+ Левица и ЛДП/ДОМ – Одлучно за промени), Берово(Родина и Интегра), Илинден(+ група избирачи/2), Крива Паланка(Интегра, ЛДП/ДОМ – Одлучно за промени) и Кривогаштани(+ ПОДЕМ и Мак. Трета Ера).
Во оваа група имаме 4 општини се со седиште во град, 3 од град Скопје и 1 со седиште во село. Покрај против СДСМ, во оваа група општини ВМРО-ДПМНЕ се бори и против 7 опозициони партии и 2 групи на граѓани избирачи. На ВМРО-ДПМНЕ потребна му е победа во најмалку 5 општини за да биде победник.
Го може ли ова најголемата опозициона партија, или пак лествичката е премногу високо поставена?
Понатаму станува многу понеизвесно и потесно за вистинска победа на опозицијата. Еве и зошто: Има и 7 општини во кои покрај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кандидати имаат и уште по три предлагачи. Тие се: Прилеп(+ Интегра, Група избирачи – шарени и ЛДП/ДОМ – одлучно за промени). Кисела Вода(+ ТМРО, Левица и ЛДП/ДОМ – Одлучно за промени), Куманово(+ ЛДП/ДОМ, АА/А и Максим – независен), Гевгелија(+ Интегра, ЛДП/ДОМ – Одлучно за промени и Група избирачи), Ресен(+ Мак. Ера Трета, ДУИ, и ЛДП/ДОМ – Одлучно за промени), Лозово(+ ТМРО, ПОДЕМ и Група избирачи) и Македонска Каменица(+ Група избирачи/3). Во оваа група 5 општини се со седиште во град, 1 во град Скопје и 1 со седиште во село. Се надоврзува и група од 4 општини каде конкуренти на двете најголеми партии им се плус четири предлагачи на кандидати за градоначалници: Ѓорче Петров(+ Левица, ТМРО, Демократи и ЛДП/ДОМ – Одлучно за промени), Битола(+ Демократи, Мак. Трета Ера, Група избирачи и ЛДП/ДОМ – Одлучно за промени), Карпош(+ Левица, ГРОМ, Мак. Ера Трета, ЛДП/ДОМ – Одлучно за промени) и Брвеница(ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, Г.И., ДУИ, СДСМ и АА/А), од кои 1 општина е со седиште во град, 2 од град Скопје и 1 со седиште во село. Следуваат 1 општина каде има плус пет предлагачи, Центар (+Левица, Твоја партија, Родина, Демократи и ЛДП/ДОМ – Одлучно за промени), како општина во град Скопје и 1 општина со плус 6 предлагачи, Долнени(+ ДУИ, Демократи, БЕСА, Алтернатива, БДС и ДПТМ), општина со седиште во село.
Во овие 13 општини, како противници, покрај споменатите опозициони партии, се јавуваат и ДУИ, ДПА, АА/А, ГРОМ, Твоја партија и 7 групи на избирачи. Во сите 13 општини претстои жестока битка и мала е веројатноста ВМРО-ДПМНЕ да победи во 7 од нив(ама да не малерисуваме, па да веруваме и во ваква победа). Тука врие од опозициони партии, кои едни со други си вадат очи, па затоа, овие општини ги нареков “опозициони змијарници“.
На крај следува групата од 19 општини, кои ги третирам како посебни, специфични случаеви, од повеќе причини. Тие се: Струга(ТМРО, СДСМ, Демократи, Интегра, ДУИ, АА/А, Беса и ДПА), Тетово(Интегра, СДСМ, ДПС, АА/А, ДУИ, Беса и ДПА), Кичево(ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Мак. Ера Трета и Група избирачи), Шуто Оризари(Левица, СДСМ, ДПА и Ром Ромаске), Гостивар(АА/А, ДУИ, Беса и ДПС), Студеничани(ДУИ, ДПА, Беса и АА/), Теарце(Беса, ДПА, ДУИ и АА/А), Чаир(Беса, АА/А, ДПА, ДУИ и БДС), Чучер Сандево(СДСМ и Група избирачи/3), Сарај(АА/А, Беса и ДПА), Ранковце(СДСМ, Интегра и Група избирачи), Липково(ДПА, АА/А и Беса), Дебар(ДУИ, ДПА и АА/А), Арачиново(ДУИ, СДСМ и АА/А), Врапчиште (СДСМ, ДПТМ, Г.И., Беса, ДПА, АА/А и ДУИ), Желино – (ДУИ, ДПА, Беса и АА/А), Пласница – ДУИ и ДПТМ, Боговиње(Беса, АА/А, ДПА и ДУИ) и Центар Жупа (ДПТМ и ДНЕТ).
Во оваа група 5 општини се со седиште во град, 3 од град Скопје и 11 општини со седиште во село. ВМРО-ДПМНЕ има кандидат за градоначалник само во една(Кичево). Во останатите најголемата опозициона партија ја поддржува коалицијата АА/А. За победа на опозицијата потребно е да се освојат градоначалничките позиции во 10 општини. Да посакаме успех, ама и многу среќа, таа во случајот е повеќе од потребна.
И градот Скопје е посебен случај: поднесени се 12 кандидатури за градоначалник. Досега невидена конкуренција. Може ли ВМРО-ДПМНЕ да ја издржи таа и таква конкуренција. Покрај СДСМ, уште други 10 се надеваат на победа, иако однапред се знае дека, реално победник може да биде само кандидатот на СДСМ или независниот кандидат Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата АА/А.
А сега малку политичка астрологија, малку предвидување на изборен хороскоп и секако предизборно гледање во филџан испиено кафе. Политичката астрологија ми вели дека ниту една од бројните опозициони партии како што се Левица, Интегра, ТМРО, Мак. Трета Ера, Твоја партија, ПОДЕМ, Демократи и други нема да освои ниту едно градоначалничко место.
Предвидувањата на мојот изборен хороскоп пак велат дека ниту една група на избирачи нема да добие градоначалничка позиција.
Предизборното пак гледање во филџан испиено кафе ми кажува дека и партиите од власта, ЛДП/ДОМ, Беса и ДПА, нема да имаат прилика да се радуваат на освоени градоначалнички позиции. И сега, зошто толку кандидатури, само еден господ знае. Но, да поентирам: ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од 2017та кога освои само пет градоначалнички места, годинава ќе освои околу 20тина, плус минус 2-3 градоначалнички позиции. СДСМ пак ќе освои многу помалку од 57 градоначалнички места(2017), сигурно 20 до 25 помалку.
Кај кандидатските листи за членови на советите на општините и градот Скопје, состојбата е малку поинаква. Тука ќе има изненадувања, на штета на големите играчи(СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ), а во корист на “малите“(Левица, АА/А, ЛДП/ДОМ и листите на граѓаните избирачи, особено оние на “Зелен хуман град“, “Здрава котлина“, “Шанса за Центар“, “Стига е“ и др. Толку, колку почетно да се растури постоечкиот монопол на “големите“, т.е во “блоковскта поделеност“ да се појават и “трет блок“ и “трети играчи“, кои би ја загрозиле биполарноста и во македонскиот и во албанскиот изборен кампус.
После се, дали ќе се остварат предвидувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека ВМРО-ДПМНЕ во трката за градоначалници ќе победи во 39 општини, во две третини од општините во град Скопје и во градот Скопје? Тешко, многу тешко, иако, да бидам искрен, посакувам бројките на освоените градоначалнички места да бидат барем приближно исти како посочените од господинот Мицкоски. Уште три дена до 17 октомври 2021г., па да се надеваме дека се е можно, па и конечно опозицијата да постигне изборна победа.

Сотир Костов

Latest News

(Видео) Гоpeше камион на „Македонија пат“, нема повpeдени

Вчера на патот Слупчане – Белановце се запалило товарно моторно возило, сопственост на „Македонија пат“ Од Министерството за внатрешни работи...

More Articles Like This