СОТИР КОСТОВ: Што се случуваше на Мечкин Камен? (прв дел)

  • August 6, 2018

Македонски алманах 2018

Во име на вистината: Да ги разобличиме лагите на политичките Дон Жуани и медиумските Минхаузени

Илинден, Господово лето 2018та година. На Мечкин Камен зборува Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов. Претседателот зборува за важноста на Илинденската епопеја и Крушевската Република, тој духовен вруток и двигател и историски мит, но и реалност на револуционерната борба за слобода на македонскиот народ и независност на македонската држава. Ја потенцира големината на 1994та година, државотворноста на АСНОМ и одлуките донесени на тоа историско заседание, кои се отелотворување на 1903 година и наша историска победа. Во една реченица кажано Претседателот не потсетува на традициите на Крушевската Република, ни укажува на важноста на одлуките на АСНОМ и големото значење на референдумот од 8ми септември 1991 година, кога македонскиот народ се одлучи за самостојна, суверена и независна држава Република Македонија.

Знаеме, или поточно видовме дека на овогодишната прослава на државниот празник Илинден на Мечкин Камен, но и не само на Мечкин Камен, туку и на Гумење, пред и во Македониумот, и на месноста Слива, каде исто така се има случена голема битка, во која 50тина востаници, предводени од војводите Ѓорги Стојанов и Диме Смугрев, пристигнаа голем број на делегации и гости од Македонија и странство, граѓани кои живеат во Република Македонија и Македонци од македонските заедници ширум светот. Факт е дека при пристигнувањето на делегациите и гостите на Мечкин Камен, еден дел од нив од присутните граѓани на прославата беа пречекани со свирежи, негодувања и извици ‘’Уааа…’’. Тоа се однесува само на делегацијата на Владата на Република Македонија, предводена од потпретседателот Кочо Анѓушев, делегацијата на Собранието на Република Македонија, еден дел од амбасадорите на меѓународната заедница и делегацијата што ја предводеше Љубе Бошковски. (И колку да се знае: не негодуваа, свиркаа и викаа само навивачките групи, туку и членовите на македонските патриотски здруженија, на граѓанските здруженија, на македонските заедници од светот и граѓаните од Крушево, Прилеп, Битола, Куманово, Струмица, Скопје, Охрид, Струга, Неготино, Тетово, Демир Хисар, Кочани, Вевчани, Валандово, Кичево, Штип, Валандово, Гевгелија, Велес, Тетово, и од другите градови кои беа присутни на прославата, што може да се виде од снимката. И сега, тие сите ли се фашисти, националисти, криминалци? Да не се многу?) Од тој момент навредените свекрви и натажените невести од Владата и Собранието, во содејство со нивните спин доктори, вампират во ‘’режисери’’(Манчесвски, Анѓушев) и ‘’глумци’’(Останатите членови на делегациите, Љубе Бошковски, градоначалникот на Крушево), прават сценарио за ‘’кризна состојба’’, го впрегнуваат хорор-новинарството, што го контролираат, и се обидуваат да влијаат на публиката.

Ајде сега да видиме како точно и конкретно се одвиваа работите на Мечкин Камен:

Прв што провоцираше и ја вжешти атмосферата (метафорично кажано го отвори балот на вампирите) беше токму Љубе Бошковски кој на свирежите и негодувањето од сите присутни, најпрвин отпоздравуваше со дигната рака, потоа се упати до едни претставници на едно македонско патриотско здружение и откако не беше прифатен од нив се врати на патеката по која се движеше делегацијата, се заврти кон народот, се смееше и се кезеше неприродно. Втора провокација е непочитувањето од страна на делегациите на Владата и Собранието на РМ, како и претставниците на политичката партија СДСМ, кон Илинденско-Комитската поворка која поминуваше пред делегациите и гостите, при што сите станаа и ја поздравија, а само наведените седеа и не покажаа почит (до тој момент, македонските патриотски здруженија, навивачките групи и граѓаните пееја револуционерни песни, а откога ја видоа не почитта кон поворката, комитите, војводите и историјата, тие им вратија со свиркање и скандирање, кога ги читаа делегациите за полагање на цвеќе, што не им се бендиса). Трета провокација е недоличното однесување, непримерните гримаси и срамните гестикулирања на Љубе Бошковски и одредени членови на напред наведените делегации за време на говорот на Претседателот Ѓорге Иванов. Четврта провокација е набрзина, на две на три организираниот прес од страна на Манчевски, веднаш по завршувањето на говорот на Ѓорге Иванов, и изрекувањата на однапред подготвените и смислени, некултурни, и политички непримерни квалификации за штотуку завршениот говор на Иванов, при што го етикетираа со недостојни квалификации кои воопшто немаат врска со ниту еден дел од неговиот говор.

Фактички, оттука почнаа лагите за прославата на Мечкин Камен и спинувањата за тоа што навистина се случи. Петта провокација е напуштањето на манифестацијата која се уште траеше, од страна на делегациите на Владата и Собранието на РМ, вклучително и Љубе Бошковски, градоначалникот на Крушево и претставниците на политичката партија СДСМ. Тоа предвремено напуштање на манифестацијата го револтираше присутниот народ, кој повторно им свиреше и им извикуваше “Уааа предавници“. Ова негодување на гестот нивни за предвремено напуштање на прославата траеше се до нивното влегување во автомобилите. Во тој момент беа фрлени и две празни пластични шишиња кон нив. И последна провокација е недоличното, предизвикувачко и провокативно однесување на Љубе Бошковски пред хотелот Монтана Палас, на што му реагираа неколкумина од присутните граѓани а тој потоа се обиде тоа да го претстави како физички напад врз него.

Ајде да видиме што се случуваше со останатите гости: тие останаа до крајот на прославата (меѓу кои беа Палмер, Бејли и сите присутни амбасадори), станаа со Претседателот Иванов и заедно го напуштија Мечкин Камен (За тоа каква слика виде, какво расположение и каква атмосфера почувствува Метју Палмер на Мечкин Камен, како и кои се причините за тоа, во следната прилика). Притоа со аплауз беа поздравени и испратени од Мечкин Камен. И уште нешто: Ако имаше барем 1% од тоа што го режираа режисерите, го зборуваа актерите, а го пренесоа хорор – медиумите, тогаш како е можно Палмер и Бејли до крај да останат на прославата, со аплауз и стоење да им оддадат почит на коњаниците и на крај да присуствуваат на приемот на Иванов во хотелот Монтана Палас? Кој кого тука мами? И кој кого манипулира? Толку за тоа што се случи. И да се знае: Македонскиот народ не е ретардиран. Колку и да се крие или извртува вистината од народот, колку и да биде лажен народот, тој знае и може сам да размислува и проценува, што е што, кој е кој.

Инаку, на Мечкин Камен ја видов нечестивоста на политичките режисери(Манчесвски, Анѓушев, и преку римоут контрол на Заев) и интелектуалната неспособност на политичките глумци(Љубе Бошковски, градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, и членовите на владината и собраниската делегација.

Следува втор дел.

Сотир Костов

Претходно «
Следно »

loading…