СОФИЈА КУНОВСКА: Сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина сакаме да го вратиме општеството на вистинскиот колосек пред портите на ЕУ и НАТО

Поврзано

Кapaкамишева: CДC и ce e мoжнo

Ако конститутивната седница на Собранието е завршена, како што велат од СДС, тогаш како Собранието се конституираше без избран...

Стоилковски до Коневски: Полeka комшија треба да ја докажеш kлeвeтaтa

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски вели дека поранешниот градоначалник на скопската општина Аеродром Ивица Коневски треба да ја...
- Advertisement -

,,Мал придонес во борбата за европски вредности“-пишува поранешната пратеничка и претседателка на градската организација на СДСМ, Софија Куновска, по повод последните исклучувања и случувања во опозициската ВМРО ДПМНЕ.

,,Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина сакаме да го вратиме општеството на вистинскиот колосек пред портите на ЕУ и НАТО. Моите омилени колумнисти и новинари се фокусирани на исклучувањата на членови на ВМРО-ДПМНЕ како одраз на едно неподносливо отсуство на демократски капацитет за поинакво, различно мислење. Исклучувањата во сегашната опозиција се направија со еден единствен состанок на Извршен во еден ден.

По тој повод не знам дали смеам да потсетам, а да не бидам анатемисана, дека и СДСМ не е вакцинирана од истатата појава, но единствената разлика е што дејствува само малку поелегантно. Но, навистина, многу малку поелегантно. При десетици живи сведоци, жртви на елиминација, највисокото раководство на СДСМ не се либи да го критикува својот политички конкурент за нетолеранција кон инакумислечките.

И ако случајно некој се прашува, тоа е одговорот зошто во првите редови недостигаат многу умни и искусни борци, пред се личности, од редовите на СДСМ. И нека не знам многу за нив, иако знам, но за себе сигурно знам, дека различното мислење во два-три наврати, „скапо” го платив.

Мојата реакција за прославата на една приватна компанија во новиот стар театар за што челниците на СДСМ се правдаа со партиско соопштение , спротиставувањето да гласам за Чавков да биде дополнителен министер за внатрешни во Пржинската влада, несогласувањето Лиле ДОМ да биде дел од пратеничките листи, беа доволна причина за моја елегантна елиминација. Промената на Статутот на партијата за да може “шефот” да именува локални претседатели на општински организации (а не како порано да бидат избирани од членството на соодветна конференција), познато како ВМРОИЗАЦИЈА на СДСМ е уште пострашна приказна за која исто така не пропуштив жестоко да реагирам. Контрареакциите беа еднакво брутални како овие во ДПМНЕ.

Па мислете си вие дека е нешто различно ваму или таму.

И да се разбереме, не жалам за ниту една своја постапка и не се жалам што денес сум надвор од играта. Моите различни ставови беа свесно изразени и подготвена бев за “цената“ затоа што верував и верувам во прогрес на нашата држава доколку неа ја водат луѓе со интегритет, храброст и верба во вредности. Во спротивно го имаме ова што го имаме.

А кога сме кај Скопје 2014 и гласањето на Канческа за отворање на постапката за измена на Уставот, пристојно е сите ние да се запрашаме дали со ова е легализирана најголемата идеолошка пералница на народните пари.

Смеам ли јавно да го запрашам премиерот на РМ дали е подготвен бројчаникот на Триумфалната капија да го стартува од минус една милијарда или и тој и неговите лојалисти и понатаму немушто ќе не убедуваат дека гласањето нема да го загрози владеењето на правото и борбата против корупцијата, како европски вредности?

Не за друго, туку просто боли тоа Скопје 2014 затоа што заради него прскокнувавме полициски барикади, бев една од најгласните или највокалните, верно ги бранев ставовите на мојата партија, се изложив на многу непријаности од тогашниот режим кој цутеше во својот зенит, вложив многу енергија и во Советот на Град Скопје и во Собранието како пратеник, а денес сведочам на бришењето на задникот со сето тоа од страна на моите сопартијци.

Ниту оградата околу Влада не е помрдната, а камо ли нешто повеќе.
Толку од вредностите и заедничката борба, засега.
Но, она што можеме веднаш и е здраво за сите нас, е со ист аршин да ги мериме работите на двете страни. И за демократски капацитет и за чесност и за принципиелност“-пишува Куновска.

Мал придонес во борбата за европски вредностиНемаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот…

Julkaissut Sofija Kunovska Maanantaina 22. lokakuuta 2018

Latest News

Кoрoнaвиpycот се шиpи во Гepoнтoлoшкитe цeнтpи – Во Ниш yaпceн директорот, во Скопје никој не oдгoвapa

Членови на Министерството за внатрешни работи во Ниш, во соработка со Агенцијата за безбедност и Јавното обвинителство во овој...

Две жeни цел мeceц живeaт на yлицa во скопски Капиштец: Имаат здpaвcтвeни пpoблeми, а нема кој да им пoмoгнe

Во скопски Капиштец има две бездомни жени, од кои едната е на 90 години, другата околу 60 години и можно е да има психолошки...

Житeл на Могила со пpocтpeлнa paнa однeceн во бoлницa

На 07.08.2020 во 21:30 часот С.Н.(61) од с.Могила му се јавил на З.К.(47) од истото село кој во тој момент бил заедно со Д.А.(37)...

УХМР пoвтopнo пpeдyпpeдувa – Попладне останeтe дома, нeвpeмe доаѓа во Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Ристески: Денес е тaжeн дeн за Македонија, за ceмeјcтвaта на зaгинaтитe, за сите нас, ден на вeчнa тaгa и нeпpeбoл, на гордост и нeпoкop

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески преку статус на Фејсбук им оддаде почит на трагично загинатите војници кај местото Карпалак пред точно 19 години...

More Articles Like This