СО ГОЛ ГАЗ ПРОТИВ НАТО И АМЕРИКА: Чешки воен ветеран го изразил неговиот политички став и протест против НАТО и ЕУ

  • August 16, 2016
Иако чешкиот воен ветеран негираше дека го прекршил законот, тврдејќи дека само го изразил неговиот политички став и протест против НАТО, ЕУ и чешките предавници на татковината, по спроведената истрага е обвинет.

Ветеранот од чешките мировни мисии во Косово и Кувајт, Мартин Заплетал е осуден на условна казна од 10 месеци затвор, со одложување од две години, откако во мај на американски конвој со 420 војници и 225 воени возила им покажа гол задник во знак на протест против НАТО и САД, пишуваат чешките медиуми.

Поминувањето на американските војници во конвој од базата во Германија на заеднички воени вежби на НАТО во балтичките земји во мај, за разлика од првиот американски конвој една година претходно, против кој беа организирани поголеми протести но на крајот беше дочекан со добредојде од илјадници Чеси, ќе поминеше незабележано ако чешкиот ветеран не одлучеше да си ги доблече панталоните и без зборови да го искаже својот став за НАТО, САД и ЕУ.

Во Вишково, каде семејства со деца дојдоа да ги гледаат американските воени возила и опрема, мала група противници на НАТО протестираа извијувајќи “Фуј!” и покажувајќи го средниот прст, додека Заплетал му го покажа голиот задник уште на првиот оклопен транспортер.

Иако полицајците го рпедупредиле да не излегува на патот и да не протестира вулгарно, тој не престанал да го прави тоа па по третото предупредување е приведен.

-Момците (полицајците) на местото постапија исправно. Ме легитимираа првиот пат и ме предупредија. Истото го направија и вториот пат и ми рекоа дека ќе ме уапсат ако уште еднаш го направам истото. Јас се согласив и го направив истото. Полицајците не можеа поинаку да постапат, рече Заплетал во мај за чешкиот онлајн весник Актуалне.цз.

Иако чешкиот воен ветеран негираше дека го прекршил законот, тврдејќи дека само го изразил неговиот политички став и протест против НАТО, ЕУ и чешките рпедавници на татковината, по спроведената истрага е обвинет.

Судот во Вишково го осуди не поради протестот со гол задник против американските војници туку поради вулгарно однесување на јавно место каде биле присутни семејства со деца.

Заплетал по протестот објасни дека во минисјата во Кувајт видел кој се и што се САД и Американците и дека затоа и си заминал од армијата, како и дека во Чешка не сака никаква странска војска, ни на НАТО, ни на Кина, ни на Русија.

Претходно «
Следно »