Со европско знаменце изгласана промената на полот во Македонија, досега шест лица го промениле полот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Менувањето на полот во личните документи станува легално во Македонија. Промените ќе бидат запишани во Изводот на родени на државјанинот кој се одлучил за вакво нешто и при тоа нема да биде ставена никаква забелешка во документот дека е сменет полот. Ова го предвидуваат измените на Законот за матична евиденција кои веќе Владата ги доставила во Парламентот, пренесува Сител.

Се работи за постапка за признавање на т.н. родов индентитет кој законот го дефинира како лично доживување и е различно од полот со кој е родено лицето.

Член 19-a гласи: Секој граѓанин на Република Македонија кој има наполнето 18 години, кој е деловно способен и кој не е во брак има право на правно признавање на родот во постапка уредена со овој закон.

Кон барањето се поднесува и нотарска изјава во која стои дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање и промената на ознаката за пол не ја прави заради одбегнување на договорна или законска обврска, како и извршување на казна изречена од надлежен суд, пишува во законските измени.

Управата секоја година изготвува извештај за поднесените барања за промена на полот и колку од нив се прифатени, а колку одбиени.

До сега 6 граѓани во државата го промениле полот во личните документи, но за тоа чекале од 2 ипол до 10 години. За едни Управата го уважила барањето, за други го одбила во трет случај се прогласила за ненадлежна велат од „Коалиција Маргини“.

Сметаат дека со усвојувањето на овој закон ќе се унапреди правата на овие лица кои до сега живееле изолирано.

Законот е поднесен со европско знаменце, а следи откако во Европскиот суд за човекови права во јануари 2019 година тужба поднесе македонски државјанин на кого не му бил признат родовиот идентитет. Тогаш судот во Стразбург донесе пресуда дека државата сторила повреда на личните права на жалитетот бидејки нема регулаторна рамка која обезбедува право на почитување на приватниот живот.

Latest News

(Фото) Вучиќ со пpeубави заборови за нас: Македонците се љубезни, Србите и Македонците секогаш се сакаат

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва прошета низ Скопје со својот домаќин, премиерот на Зоран Заев. Во посета на земјава...

More Articles Like This