СО ЕДЕН ПОТПИС СЕ ОТКАЖАА ОД МАКЕДОНИЈА: Заев и Димитров се откажаа од се што е македонско со еден потпис!

  • July 5, 2018

Зоран Заев и Никола Димитров со еден потпис се откажаа од Македонија, се откажа од се што е македонско, идентитетот, јазикот, историјата и македонското малцинство во соседство. Зоран Заев ветуваше и се колнеше во своите минати и идни поколенија дека нема да го промени уставот, идентитетот и јазикот. Зоран Заев рече дека нема да се разговара за идентитетот, рече и порече. Зоран Заев ја излажа целата македонска јавност, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Чинот на договарање на капитулантски договор и ратификување на истиот во Собранието значи кршење на повеќе закони и Уставот, а воедно и изигрување на целиот правен систем во Република Македонија. Зоран Заев, Никола Димитров, Талат Џафери и сите пратеници кои го дадоа својот глас за овој капитулантски договор кој не е во согласност со законите и Уставот на Македонија ќе одговараат за кривичните дела Велепредавство, Загрозување на независноста, Здружување поради непријателска дејност и Злоупотреба на службена положба и овластување. За ваквите нивни дела мора да има одговорност, и потсетуваме и дека ова се дела кои не застаруваат. Македонија и нејзините граѓани имаат сила да го поразат картелот на власта, Македонија и нејзините граѓани имаат сила да го поразат Зоран Заев и СДСМ, а на крајот МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно «
Следно »