Со законот за дигитализација Царовска врши диckpиминација, учениците што немаат електронски уреди ќе добијат зaхeфтани скрипти

Поврзано

- Advertisement -

„Огромен број на родители не знаат што е ова концепција и што предвидува, но и дел од наставниците не успеале точно да разберат што се случува бидејќи не им е достапна истата концепција, не им е доставена. Допрва сега започнуваат обуки, кои делумно се држат до неа, а делумно има и многу чудни работи. Дали децата ќе поминуваат повеќе време пред дигиталните уреди? Апсолутно, ќе поминуваат. Предвидува концепцијата дека децата треба да бидат повеќе време на училиште, но тоа особено во поголемите градови не е можно за тоа што голем број на училишта работат во 2-3 смени. Па, од тука министерката се обидува да ги скрати часовите, за да го продолжи престојот на учениците некако во училиштата“,истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Јаневска додаде дека учебници печатени се предвидени за ученици од прво до трето одделение, а потоа според концепцијата од четврто до деветто одделение и во средно образование нема печатени учебници.

„Дигиталниот учебник не е PDF формат, дигиталниот учебник е збогатен со видеа, со анимации, со вежби, со кратки филмови. За тие кои што немаат дигитални уреди министерката вели училиштето е должно да им го отпечати корпусот на книгата, на учебникот, односно текстот. Тоа дефинитивно е дискриминација“, рече Јаневска.
Јаневска посочи дека тоа печатеното нема да е книга, тоа е на А4 формат отпечатена содржина во црно бела боја и захевтана со хевталица, или евентуално со спирала.

„Не ми се верува дека училиштата ќе можат да обезбедат т.н. библиотечен фонд на дигитални учебници за секое дете да има. Но, ако министерството и одвои средства за дигитални уреди таа треба да даде на секое дете во Македонија дигитален уред“, појасни Јаневска.

Јаневска рече дека не само децата од ранливите семејства треба да добијат дигитални уреди, туку и децата чии семејства се на работ на групата на ранлива категорија.

„Како родители на две деца ќе им обезбедат два лаптопи, два компјутери“, запраша Јаневска.
Јаневска истакна дека ниту еднаш министерката не кажа дали дигиталните уреди ќе стојат во училиштата, или децата ќе ги носат дома.

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This