СО КОЈ КЛУБ ЌЕ РАКОВОДИ ФРАНЦУСКИОТ ТРЕНЕР!?: Зидан го најави своето враќање на тренерската работа

  • September 10, 2018

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека наскоро ќе и се врати на тренерската работа.

46-годишниот Французин го напушти тренерското место на „кралскиот клуб“ на 31 мај 2018 година.

– Се разбира, наскоро ќе тренирам тим повторно. Тоа е она што сакам да го работам и она што го правам цел живот, изјави Зидан.

Францускиот стручњак го предводеше Реал од 2016 до 2018 година. Под негов водство, мадридскиот клуб го освои шампионатот на Шпанија и три пати ја освои Лигата на шампионите.

Се шпекулира дека голема е веројатноста доколку Жозе Мурињо направи уште еден кикс на клупата на Манчестер Јунајтед токму Зизу да биде неговата замена, иако оштетата за раскинување на договорот на Мурињо пред истекот е фрапантно голема, но тие пари нема да претставуваат проблем за челниците на клубот од Манчестер.

Претходно «
Следно »