СО МИЛИОН ЕВРА БОГАТСТВО ПРОДАВА МОРАЛ: Шилегов „тежи“ 1 милион евра а продава морал спакуван во семејни вредности!

  • October 9, 2017

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Нашето најголемо богатство, драги мои, не се станови, коли, куќи, плацеви на Водно џаблк што се купуваат. Нашето најголемо богатство се нашите семејства, нашите деца. Нема да дозволиме ниту едно дете повеќе да ја напушти Република Македонија“ рече Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник на Скопје на централниот митинг на СДСМ пред Влада, на 8-ми октомври.

 

[/kopa_block_quote]

Најголема хипокризија е еден милионер да зборува дека становите, колите и куќите не се богатство, а народот да го убедува дека ќе му го врател животот, лажејќи го дека ќе му даде 500 евра просечна плата.

Шилегов зборува колку се неважни куќите и колите, плацевите на Водно додека листот со материјални добра кои ги поседува не е воопшто краток и не асоцира на човек од народот, скромен и достоен да го води главниот град на Македонија.

Според имотниот лист Петре Шилегов тежи повеќе од 1 милион евра.
Стан 64м2 – 75.106 евра Стан 87м2 – 97.000 евра Стан 72м2 – 84.494 евра Куќа 306м2 – 390.000 евра.
Автомобили Мерцедес и Ауди. Уметнички предмети – 49.000 евра Злато и часовници – 130.000 евра.
Чудно е како Шилегов стекнал толкав имот со неговата плата и со платата на сопругата која, според имотниот лист, зема само 11.000 денари.
Според груби пресметки, на едно семејство му се потребни над 80 години да спечали толкав имот.

Претходно «
Следно »