СО МИНИМАЛЕЦ ВРАЌА КРЕДИТ ОД 300.000 ЕВРА: Сопругата на Шилегов има 12.000 денари плата и имот вреден милиони!

  • May 24, 2016

Петре Шилегов, потпросечен анонимен адвокат со пријавени приходи кои одговараат на адвокатски приправник, богат како врвен бизнисмен, се најде во вистинско време на вистинско место: во владата наБучковски која важи за една од најкорумпираните во самостојна Македонија беше шеф на комисија за јавни набавки. Подоходовно од таа позиција, во таква влада – здравје!

silegov-Custom

Денес анонимниот потпросечен адвокат кој пријавува само 60.000 денари месечни приходи има: куќа во Скопје од 350 квадрати (400.000 евра), три стана со вкупно 270 метри квадратни во централно градско подрачје (300.000 евра), автомобили Мерцедес и Ауди (над 100.000 евра) и заедно со кеш на книшка и акции имотот му е повеќе од 1 милион евра!!!!

Кај Зоран Заев е портпарол, во средина која е интелектуално крајно лимитирана дури да си и Петре Шилегов ќе отскокнуваш. Има пристап до незаконски стекнатите еден милион туѓи телефонски разговори и избран е да преговара со видни бизнисмени да не бидат јавно објавувани нивните телефонски разговори. Во периодот март-јуни минатата 2015 година имал три такви средби – со бизнисмен од Скопје кој има силна позиција во повеќе сфери како градежништво и здравство, со друг млад бизнисмен од Битола и со трет повозрасен од Скопје кој се занимава со металургија и градежништво.

Резултатот на тие средби е виден, два стана вредни 160.000 евра во Карпош купени во јуни/јули 2015. Ги купила жена му за 160.000 евра на кредит. Месечна рата за кредитот е 1.200 евра, а неговата жена има пријавени приходи од само 12.000 денати месечно. Мора многу да се мачи за секој месец да најде по 1.000 евра над платата за да има за кредит.

silegov-jordanovska

Јавноста се уште очекува одговори од пратеникот и портпарол на СДСМ Петре Шилегов. Откако медиумите обелоденија негов имот кој го стекнал во еден ден во вредност од 160.000 евра, тој со своите постапки, покажувајќи ја својата нервоза, го скандализираше преку упади на прес-конференција со скапи коли, во обид да се извади од тонењето во сопствените скандали.

Недвижниот имот кој вреди 160.000 евра стекнат од неговата сопруга Јасминка на 17.07.2015 година, Петре Шилегов неколку пати се обиде да го оправда пред јавноста и сопственото членство кое во тоа време кампуваше пред Владата под негова насока, дека тој имот е стекнат по пат на кредит кој е земен на 23 години рок на отплата.

Имајќи предвид дека неговата сопруга во периодот пред да се стекнат со двата стана, а и неколку години пред тоа е пријавена на платен износ од ниски 10.800 денари, а подоцна и 11.200 денари, произлегува прашањето како е возможно сопругата на Петре Шилегов да биде кредитоспособна и со оваа висина на плата да подигне кредит од 160.000 евра, прашува Денешен.

portparol-silegov-520x728

 

Анализите велат дека за доколку кредит во висина од 160.000 евра кој е земен на 276 рати, ако каматната стапка во првите три години е 2.9%, а по третата година 6.85%, ратата во првите три години изнесува 795 евра, а по третата година ратата изнесува 1.108 евра, или вкупно со каматата Петре Шилегов ќе врати 294.728 евра.

Согласносо платата на Јасминка Шилегова, ратата во првите три години изнесува дури 5 пати повеќе од нејзината плата, а ратата по третата година изнесува дури 7 пати повеќе од нејзината плата, а целокупната јавност е запознаена со правилата на банките дека месечниот ануитет, односно ратата, треба да биде 1/3 или ½ (за луѓето со повисоки примања) од месечниот износ на платата.

Петре Шилегов изминатиот период јавноста го запозна како нервозен и агресивен политичар, преку многубројните скандали кои што го следат во текот на неговата кариера. Недвижен имот и домашен автопарк во вредност од половина милион евра, кирии кои ги добиваше од непознат извор од Абу Даби, скандали додека заседаваше со Второстепената комисија во Владата на СДСМ, каде што најголем број од тендерите ги доделуваше во корист на Семос компјутери, инаку фирма блиска до Бранко Црвенковски.

Оправдувањата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов паѓаат во вода, додека пак јавноста се уште чека одговор на кој начин се стекна со овие вртоглави суми на пари и имот портпаролот на СДСМ и дали има намера да им објасни на граѓаните од каде потекнуваат парите за двата стана на луксузна локација на бул. „Партизански одреди“.

Како се доаѓа до ваков имот, а да бидеш ограничен и потпросечен каков што е Петре Шилегов? Не го прашувајте Гугл, ни таму нема таква информација, прашајте го него.

Тајната Шилегов нема да ја открие, како ни јавната тајна за слабост кон новинарки блиски на СДСМ, сметките на Сорос и неговите платежни картички – што може да се види и на приложената фотографија

Претходно «
Следно »