August 15, 2020, 6:50 am

Со над 100 заразени секој ден, нема препорака за зaтворање на границите со Србија и со Косово

Поврзано

Македонија означена како високо pизичнa: Американскиот Центар за јавно здравје пpeдупредува да се избегнува патување во Македонија

Американскиот центар за јавно здравје ги предупредува американските државјани да избeгнуваат патување во Македонија. Нашата држава е сместена во нajризичната...

Учебната година нема да започне на први септември…

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека очекуваат пролонгирање на почетокот на учебната година со цел законско...

Бил Гејтс: Спaсувам животи, а ме oбвинyваат дека заработувам од животите на другите

Бил Гејтс, ко-основач на Мајкрософт, милијардер и филантроп, стана позитивна и негативна централна фигура во приказната со „ковид-19“. Добрата вест...
- Advertisement -

Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во моментов останува да важи старата одлука, односно дека границите се отворени. Министерот за здравство, пак, Венко Филипче, рече дека Комисијата ја следи состојбата и засега границите остануваат отворени додека не се добијат потребните информации за eпидемиолошката слика од соседните земји.

Поради влошувањето на сосотојбата со коронавирусот и во соседните земји, за вчера беше најавен состанок на Комисјата за заразни болести на кој, според најавите, требаше да се разговара за евентуално затворање на границите или за други превентивни рестриктивни мерки.

Филипче вчера од Охрид информираше дека Комисијата за заразни болести вчера претпладне остварила комуникација со претставници на околните земји и до крај на вчерашниот ден се очекуваа информации за состојбата со корона вирусот во целиот регион.

-Последните статистики насекаде во светот покажуваат дека пандемијата не спласнува, има се повеќе пациенти, секаде каде се опуштаат рестриктивните мерки има многу нови заразени. Имаме податоци за поголем број заразени и во околните земји. Утрово на Комисијата за заразни болести направивме една интензивна комуникација со претставници на здравствените институции и здравствените власти во сите околни земји со цел да ја согледаме вистинската епидемиолошка слика во целиот регион и дел од тие информации очекуваме да стигнат до крајот на денот, потенцира Филипче.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров вчера рече дека има некои комплексни сложени ситуации во смисла на транзит, на ПЦР тестовите, некои информации недостигаат и оти ќе биде важно да се продолжи со оваа консултација бидејќи сите одлуки што ние или било кој во регионот и ЕУ ги носи во однос на границите се пред се водени од здравствен аспект.

-Нема политика, нема пријателство, главната калкулација е епидемиолошката слика, рече Димитров.

Во врска со забраната за македонските граѓани за патување во земјите од ЕУ до исполнување на просекот од 20 нови случаи на 100 илјади жители во последните 14 дена, што би значело дека треба за тој период да има помалку од 400 новозаразени со Ковид-19, Димитров истакна дека доколку сите се придржуваме кон мерките побрзо ќе стасаме до исполнување на тој услов, кој, како што посочи, е еден од трите, согласно кои ЕУ ја формира белата листа за патување.

Димитров напомена дека забраната не важи за суштински патувања, како регулиран престој, образование, хуманитарни причини, семејно обединување…, а најави дека во контакт се со земјите каде има најголем интерес од македонските граѓани да се утврдат протоколи за бизнис секторот кој има потреба да одржува состанок во некоја земја, како и за лицата кои имаат имоти во некои соседни држави.

Во изминатите 24 часа во Србија потврдени се уште 309 случаи на заразени, а поради влошената епидемиолошка состојба, вонредни мерки се на сила во Белград и во пет други градови. Здравствените власти во Србија соопштија за 11 смртни случаи од Ковид-19 вчера и тоа е најголем број во еден ден од почетокот на епидемијата на 6 март. Владата донесе и одлука со која се забранува собирање на јавни места во затворени простории за повеќе од 100 лица, а на отворено до 500, со обврска да почитуваат физичко растојание од метар и половина.

Latest News

Tapaвари: CДCM и ДУ И ќе напpaват влaда, пpeговopите се тeaтар

СДСМ и ДУИ прават театар пред да постигнат договор за формирање на нова влада, која ќе има мнозинство од...

Саша Бpoз, внука на Тито: Дедо ми беше пocвоено дете на мајка Колуmбиjkа и татко, нacледник на kpaлот Чарлс XXL

На нејзиниот профил на Фејсбук, внуката на Тито, Саша Броз ги коментираше тврдењата дадени во една емисија на хрватската телевизија дека Јосип Броз Тито...

Од денеска во Србија само со ПЦP тecт

За влез во Србија од денеска за граѓаните на Македонија, Бугарија, Хрватска и Романија задолжителни се ПСР тестовите за коронавирусот. Одлуката на српската Влада почнува...

Денеска е oтkpивање и пpeнос на moштите на cв. apxиѓаkон Стeфан

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 август. Денеска е Откривање и пренос на моштите на Св. архиѓакон Стефан. За моштите на свети архиѓакон...

Претпладне облачно, попладне вpнежи и гpмежи

Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите...

More Articles Like This