СО ПАРИ НА УСАИД ЦИВИЛ ЌЕ РАБОТИ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО: Невладината организација на Дерала ќе ги тера граѓаните да гласаат на референдум

  • September 11, 2018

Џабир Дерала и неговата невладина организација „Цивил“ од денес и офиијално ја започнаа кампањата за потикнување на граѓаните да го изразат својот став на претстојниот референдум. 

Под слоганот „Гласам значи постојам“ невладината „Цивил“ започнува кампања, во која ќе ги едуцира граѓаните за своите избирачки права, но и да ги охрабри да бидат што послободни и понезависни во донесувањето на одлуката на претстојниот референдум. Во исто време, од „Цивил“ велат дека овие денови ќе се посветат на едукација, граѓаните да можат да препознаат лажни вести поврзани со референдумот.

Целта е гласачите на референдумот да направат информиран избор, независно од притисоците на поединци или групи. Невладината „Цивил“ ќе го мониторира референдумскиот процес и самиот ден на гласањето со над 120 набљудувачи.

Инаку Цивил е една од невладините кои се приклучи на кампањата предводена од УСАИД и Владата за агитирање за референдумот и поттикнување за излезеноста за исполнување на цензусот.

Пред извесен временски период медиумите обелоденија за грантовите кои УСАИД ги доделуваше по скратена постапка во висина од 7.500 долари за проекти од токму ваков тип.

Судејки според тематиката и ставот на Цивил и Дерала повеќе од очигледно дека референдумската офанзива на УСАИД добро го подмачкала.

Претходно «
Следно »