СО ПРИРОДНИ МАСЛА ДО УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ: Пет хербални масла како замена за козметиката полна со хемикалии!

  • August 17, 2016

Има толку многу козметички производи на пазарот, но голем дел од нив содржат хемиски супстанци што би можело да делуваат спротивно на тоа ние како посакуваме. Ова се 5 природни масла што прават да изгледате убаво, природно и здраво.

herbal-oils

  • Арганово масло – одлично за било каков вид на коса. Нанесувањето на влажна коса прави маслото да влезе длабоко во влакното, правејќи ја косата мека, сјајна и здрава. Исто така се користи и за кожата на телото. Истотака, аргановото масло ја прави кожата на телото мека и мазна без да изгледа мрсна.
  • Кокосово масло – препорачливо за сува, оштетена и виткана коса. Не само за убавина, кокосовото масло може да се користи и за готвење. Додека ги правите омилените слатки, додадете го ова масло во смесата за шмек на кокос во благото, а во меѓувреме ставете го маслото на влажна коса и завиткајте ја косата во топла крпа за маслото да продира длавоко во влакното.
  • Масло од кантарион – ова масло е прекрасно за сува кожа и истотака за кожа склона на акни, алергии и изгореници. Само затоа што имате акни не значи дека употребата на ова масло ќе ви ја направи кожата помрсна или поисфрлена. Нанесување на чисто лице еднаш во денот ќе направи огромна раслика во изгледот на кожата. Ја чисти и мазни за краток период со редовна употреба.
  • Маслиново масло – го има во сите блиски самопослуги и маркети. Освен за готвење, ова масло е најприроден отстранувач на шминка, дури и водоотпорна. Ја брише шминката на нежен начин без да ги отстранува природните масла на лицето и без да ја суши кожата.
  • Бебешко масло – ако е доволно нежно за бебешка кожа, тогаш не претставува никаков проблем за кожа од било која возраст. Исто како и маслиновото, и бебешкото масло лесно отстранува шминка без да ја суши кожата. Исто така, помага и за поткожните влакна на телото. Со редовна депилација коренот на влакната се умртвува и влакното станува помеко и тенко, па затоа му е тешко да пробие низ кожата и останува под неа. Затоа нанесувањето на бебешко масло на влажна, чиста кожа ја омекнува кожата и помага на влакната да никнат на површина за полесно отстранување
Претходно «
Следно »