СО 1.500 ЕВРА МЕСЕЧНА ПЛАТА, МЕШЕТАРОТ БАШАНОВИЌ НАЈПЛАТЕН СОВЕТНИК: Ниту поддржувачите на шарената револуција не можат да поверуваат во потезите на Заев!

  • May 27, 2018

Половина милион евра за плати за советниците на Заев, од кои голем дел од колачот го јаде естрадниот менаџер од Србија Зоран Башановиќ како специјален советник на Зоран Заев во владата на Р.Македонија

Минатата година „Инфомакс“ пишуваше за биографијата на Башановиќ, кој како естраден менаџер но и криминалец со досие за кражби во САД стана советник на Заев.
Зоран Башановиќ, инаку, е познат како естраден менаџер во Србија, каде што токмју естрадните ѕвезди го опишуваат како манипулатор и измамник, а е ангажиран за да го поправа имиџот на Зоран Заев во соседнате земја со чиешто раковоство и јавност влезе во конфликт по низата неумесни изјави.

Реагираат и новинарите кои своевремено ја поддржуваа каузаа на т.н. „шарена револуција“ која беше злоупотребена токму од Зоран Заев да ја користи како платформа за пласирање на неговите, сега веќе докажано, лажни проекти и идеи.

Зоран Башановиќ со години работи како естраден менаџер, а кусо време беше член на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ. Но од таму е избракан зашто склучувал милионски договори во сомнителни комбинации повикувајќи се на божемното кумство со лидерот на партијата, Вучиќ.

Во 2013 година пријателот на Башановиќ, споменатиот Александар Обрадовиќ, беше сменет од директорската функција во јавното претпријате Електростопанство на Србија (ЕПС).

Од тој период е аферата во којашто е вмешан новиот „специјален советник“ на Заев, Башановиќ, кога 14.000 дечиња остануваат без новогодишните пакетчња. Тендерот за набавката на пакетчињата од повеќе десетици милиони динари, ја добила фирмата на естрадниот менаџер Зоран Башановиќ, иако за тоа се натпреварувале уште четири фирми, со идентична понуда, а една од нив и се жалела. Затоа раководството на ЕПС, односно Обрадовиќ, понудил да се подели тендерот, што во српската јавност предизвика сомневања дека станува збор за наместен тендер, кој поради тоа пропаднал.

Зоран Башановиќ во 2012 година, заедно со сопругата Бојана беа во фокусот на српските медиуми кога беа во Мајами беа уапсени за кражба на долна облека и постелнина во износ од 5.000 долари од трговски центар. Двајцата се пуштени ден подоцна со кауција од 1.000 долари.

Башановиќ и Заев, како што пишуваат белградските медиуми, се запознале во Грција, каде што и двајцата имаат куќи. Башановиќ му ветил дека ќе му обезбеди поддршка од српските медиуми. Истовремено Заев преку Башановиќ се запознал со Саша Обрадовиќ, кому му ветил дека ќе го постави за директор на ЕЛЕМ кога ќе стане премиер, тврдеше неодамна соговорник на Информер.

Претходно «
Следно »