СПАСОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БУТЕЛ: Сакам да им се заблагодарам на граѓаните од оваа општина  што придонесоа да го средиме сообраќајниот хаос  кој постоеше и ги повикувам и понатаму да бидат партнери на македонската полиција

  • September 5, 2018

Задоволство ми е да истакнам дека полициската станица што се наоѓа на територијата на општина Бутел  има значителни позитивни резултати во изминатата година во намалувањето на криминалитетот и особено во делот на регулирањето на сообраќајот, рече министеротОливер Спасовски  по денешната посета на општина Бутел.

-Сакам да им се заблагодарам на граѓаните од оваа општина  што придонесоа да покажеме дека можеме да го средиме сообраќајниот хаос  кој постоеше и ги повикувам и понатаму да бидат партнери на македонската полиција.  Со градоначалникот на општина Бутел разговаравме околу нашите заеднички надлежности . Благодарам што градоначалникот има разбирање за обезбедување на место за изградба на нова полициска станица, што ни е потребна за да ги подобриме условите за работа на полициските службеници  и се надевам дека многу скоро ќе имаме можност да започнеме со реализација на едне ваков значаен проект“, рече министерот Спасовски по средбата со градоначалникот Велимир Смилевски.

На средбите во полициската станица и во локалната самоуправа се разговараше и за референдумот на 30 септември.

-Ова е историски миг за нашата држава. Апелирам ако било кој се заканува на било кој граѓанин да не излегува на референдум,  граѓаните тоа да го пријават во најблиската полициска станица.

Министерот Спасовски рече дека МВР ги презема сите неопходни мерки за претстојните посети на високи странски делегации , а самите посети се доказ за поддршката што Република Македонија ја има од меѓународната заедница.

Претходно «
Следно »