Спасовски го потврди постоењето на „Дивиот Ангел“ – 27 април го организирала „државата“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подкастот „Тешки Муабети“ на Инфомакс откри мноштво детали за настаните од 27 април, како тоа уставобранителите биле наместени од државата, а подоцно и осудени од судот со единствена цел да се инсталира Зоран Заев на власта и да се влее страв кај Македонецот со цел промена на име, воведување на двојазичност и менување на уставниот карактер на државата.

Љупчо Палевски во неколку наврати говореше за оперативната акција „Дивиот Ангел“, а за прв пат проговоре за истата кога на Инфомакс ексклузивно гостуваше Дејан Давидовски – Дешо еден од луѓето кои беа обинети за тероризам, но доби азил од шведскиот суд поради политичкиот прогон во Македонија.

– Ја имаме оперативната акција „Дивиот ангел“ со доказ, со печат, со се, како е правено сето ова за кое што Давидовски не знаел, (ќе има и документи како доказ), значи дека директно државата организира, фејк тероризам, фејк насилие во парламентот, државата манипулира со патриотските чувства на Македонецот, за да се дојде во ситуација да се инсталира Зоран Заев, за да се дојде во ситуација, на мнозинството на македонскиот народ да му се вгради страв“, посочи Палевски во „Тешки муабети“ по сведочењето на Дејан Давидовски Дешо.

Давидовски потенцираше уставобранителите и останатите обвинети за 27 април биле наместени директно од УБК, директорите, началниците, преку Александар Василевски Нинџа, кој бил вработен во УБК со број на значка 637.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред само два дена го потврди постоењето на „Дивиот Ангел“, напоменувајќи дека има оперативен план „Тој се вика „Дивиот Ангел“ и на основа на тој план требало да се спроведат активностите во рамките на Собранието и да настане таа катастрофа која требаше да настане и тоа во салата за одржување на пленарните седници“.

Оливер Спасовски не само што го потврди постоењето на „Дивиот Ангел“ туку и посочи дека тогашната опозиција на чело со СДСМ била информирана за сценариото кое требаше да се случува тој ден.

-Сакам да кажам пред македонската јавност дека не случајно ние како пратеници и како мнозинство останавме на своите места и ја продолживме седницата за избор на претседател на Собранието. Затоа што планот беше ако се дојде на местото на претседавачот, тука да настане хаосот и можеби убиство да се случи и тука. Ова го кажувам како креација на болните умови во тој момент кои работеа и заради тоа сметам дека ова треба да го знае, за тоа се водат постапки, не треба да се повторува ваквата ситуација и тоа треба да ни биде одлика за владеење на правото и парламентарната демократија, вели Спасовски.

Она прашање кое мора да биде одговорено е зошто СДСМ и Зоран Заев доколку биле запознаени со сценариото дозволиле истото да биде спроведено, односно гласаа за нов претседател на Собранието кога имаше илјадници луѓе кои протестираа пред законодавниот дом и зошто кога влезе толпата во Собранието, тие не ја напуштија прес салата?!

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This