August 7, 2020, 12:42 pm

СПАСОВСКИ И МАНЧЕВСКИ ПАК ПОТПРЕТСДАТЕЛИ: Но ќе останат ли министри?

Поврзано

Зaбоpaвeтe на „Виз Ер“ во наредните 5 месеци – Еве ја нивната одлука за cуcпeндиpaњe на летовите

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“, која има голем број бази на територијата на поранешна Југославија, вклучувајќи ја и нашата држава,...

Повик за cпac на живoт – Hа Цобе му е потребна нашата пoмoш

Животот знае да биде немилосрден, особено кога на 38 години треба да уживаш во благодетите на семејниот живот и...

Сите кои учествуваа во изборниот процес ќе бидат наградени, ДИК ќе го зголеми надоместокот за членовите на избирачките одбори за 100%

Државната изборна комисија на дешената седница едногласно донесе одлука за сто проценти да бидат зголемени надоместоците на членовите на...
- Advertisement -

Следната седмица би можела да се одржи собраниската седница за разрешување на дел од досегашните членови на Владата и за именување нови министри или заменик-министри, откако премиерот Зоран Заев се наврати на идејата за владина реконструкција. Таа одлука Заев ја објави на седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид, отфрлајќи ги другите можни сценарија (враќање на мандатот или предвремени избори), што ги посочи откако завладеа неизвесноста околу одлуката на ЕУ за почеток на преговори со нашата држава, пренесува Неависен.

Списокот со предлозите за нови министри, според најавите, би можел да биде готов кон крајот на оваа седмица, со оглед на тоа што во изминатиот период Заев имаше повеќе консултации на оваа тема со коалициските партнери, особено со Али Ахмети од ДУИ. Премиерот најави во Охрид дека со реконструкцијата ќе бидат опфатени не повеќе од осум министри, за да не се надмине една третина од моменталниот состав на Владата и да мора да се влегува во постапка како за избор на нов кабинет. Всушност, проценките се дека Заев ќе смени од пет до шест членови на кабинетот, вклучително со вицепремиерот Хазби Лика, чиј Секретаријат за Рамковен договор се ykинува, а притоа не сметајќи ги министерот за култура Асаф Адеми, кој поднесе ocтавка и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој најави дека ќе се повлече од Владата за да се посвети на новата партиска функција како генерален секретар на СДСМ. Од друга страна, Заев ќе треба да предложи од седум до девет нови имиња за министри во ресорите што се испразнети или ќе се испразнат, вклучително со предлогот за прв министер во новиот ресор за политички систем.

Тековно, се очекува и смена на повеќе функционери во третиот ешалон, за што, според најавите, одлуки може да се донесат уште на денешната владина седница. Собраниската седница за избор на новите министри, пак, се најавува за следната седмица, поради отcyството на спикерот Талат Џафери, кој до четврток е во официјална посета на Кина, додека на 21 и 22 јуни ќе се одржува Европскиот самит, така што проценките биле дека може да се почека да заврши овој настан во Брисел пред да се официјализираат промените во владиниот тим.

Компетирањето на раководството на СДСМ, пак, веројатно ќе почека до завршување на владината реконструкција. Потоа, Заев ќе треба да избере нови потпретседатели на партијата, откако во неделата беше избран нов состав на извршниот одбор. Во ова партиско тело не влегоа тројца од доскорешните партиски потпретседатели – министрите за внатрешни работи и за информатичко општество и администрација, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, и пратеникот Мухамед Зекири. Според проценки на високи партиски извори, токму овие тројца ќе бидат вратени на потпретседателските места. Како можен нов потпретседател се спомнува пратеникот Хари Локвенец, со оглед на тоа што во новиот состав на ИО на СДСМ немало претставник од Прилеп, освен што Дане Талески се враќа како секретар за меѓународна политика. Наводно, петтото потпретседателско место е „резервирано“ за жена, за што, според информациите, веќе било разговарано со личности од бизнис-секторот. Инаку, забележително во новиот состав на ИО е дека доминиpaaт жени. Односно девет од новоназначените членки се жени, покрај заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, додека на другите осум места се поставени мажи. Ново име е професорката Тања Стојановска-Иванова, која претходно е кооптирана во партискиот ЦО, а едно време беше во ГРОМ. Во ИО влегоа тројца од доскорешните потпретседатели на партијата: пратеничката Фросина Ременски и градоначалниците на Штип и на Скопје, Благојче Бочварски и Петре Шилегов. На списокот ги нема доскорешните секретари Александар Кирацовски и Миле Зечевиќ. Од актуелните министри во ИО влегоа Рената Тренеска Дескоска и Драган Тевдовски, кои едно време се спомнуваа како можни кандидати за ротација или за реконструкција. Во највисокото тело на СДСМ се избрани и портпаролот и пратеник Костадин Костадинов и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, но и досегашниот претседател на разгранокот во Битола, Васко Талески, каде што владејачката партија не помина најдобро на претседателските избори. Нови имиња во ИО се Есра Салихи, Ѓоко Танасовски, Весна Гершан, Салија Љатиф Петрушевска, Кети Василевска, Нина Велкова и Маринела Ојлеска.

Нов организациски секретар на СДСМ е Душко Весковски, кој ќе ја извршува професионално партиската функција и поради тоа ќе се повлече од директорското место во скопското ЈП „Водовод и канализација“. Од раководна позиција во локалната власт ќе се повлече и Мартин Попов, кој ќе биде директор на партискиот центар за истражување и анализи. Допрва треба да се избере и претседателка на Форумот на жени, како партиска функција што е можно исто така да се извршува професионално, за што се спомнува директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Latest News

(Видео) Со висока резулација, „нajлyдата“ снимка од eкcплозиjaта во Бејрут

Либанските спасувачки екипи продолжуваат со потрагата по повеќе од 100 лица кои се водат како исчезнати, денoви по големата...

Зaбоpaвeтe на „Виз Ер“ во наредните 5 месеци – Еве ја нивната одлука за cуcпeндиpaњe на летовите

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“, која има голем број бази на територијата на поранешна Југославија, вклучувајќи ја и нашата држава, очекува ограничувањата за патувања и...

Стоилковски до Коневски: Полeka комшија треба да ја докажеш kлeвeтaтa

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски вели дека поранешниот градоначалник на скопската општина Аеродром Ивица Коневски треба да ја докаже клеветата за која го...

(Видео) Тpaмп cтpaвyва од aтeнтaт – „Ме гледате за пocледен пат“

Забелешките на претседателот Трамп за време на говорот предизвикаа шпекулации откако тој се осврна на тоа дека има многу богати непријатели и рече на...

ОН бара нeзaвиcнa иcтpaгa за eкcплoзијaтa во Бејрут

Канцеларијата на ООН за човекови права побара да се спроведе независна истрага за експлозијата во Бејрут и порача дека „мора да се слушнат повиците...

More Articles Like This