СПАСОВСКИ: Членството во НАТО, води кон економски раст и повисок животен стандард

Поврзано

Граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат

Граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат, држава со kpиминал, koрупција или напредна прогресивна држава,...

Николоски до Заев: Кoга сакаш, каде сакаш, во колку сакаш, повели на дуел, да видиме кого луѓето ќе поддржат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4 денес се сретна до...

Мицкоски: Договорите за добрососедство треба да се двонасочна улица, не едностран акт како оној со Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за премиер Христијан Мицкоски, во вечерашната емисија „360степени“ на телевизија Алсат, потенцираше дека добрососедските...

Според министерот Спасовски, во овој момент за државата не постои нити една реална опиплива опција во поглед на обезбедување долгорочна стабилност и сигурност на државата, освен патот кон целосно евроатлантско членство.

Безбедносното партнерство низ потесна заедничка соработка има примарна задача да ги зачува и да овозможи развој на општествените и пошироките цивилизациски стандарди и вредности што ги споделуваат заедниците, истакна вице-премиерот и министер во Министерството за внатрешни работи во македонската Влада Оливер Спасовски на вечерашната тематска средба „Безбедносни придобивки и предизвици за С Македонија од членството во НАТО” што се одржа во Битола.

Според министерот Спасовски, во овој момент за државата не постои нити една реална опиплива опција во поглед на обезбедување долгорочна стабилност и сигурност на државата, освен патот кон целосно евроатлантско членство.

-С Македонија е респектабилен партнер на Алијансата и ние целосно ги споделуваме сите предизвици што стојат пред алијансата. Во сите наши досегашни активности во изминативе две-три години, и како Влада и како МВР, токму во безбедносната сфера презедовме низа активности, отпочнувајќи ја целосната реформа во овој сектор. Притоа, делумно бевме мотивирани од внатрешно-општествените реалности, но и заради воспоставување на стандарди што ќе бидат во корелација со оние од државите членки на НАТО и што се дел од оној битен политички концепт што НАТО алијансата го фундира како нужен критериум за рамноправно членство, посочи Спасовски.

Пред аудиториумот во Битола, министерот Спасовски потсети на ефектите од донесените Закони за ОТА и АНБ, реформите во министерството и други мерки кои како што рече беа суштински исчекор во хармонизацијата на регулативата и практичното делување во областа на безбедноста, соодветни на НАТО стандардите.

-Тој процес ќе добие уште поголем интензитет затоа што самото членување во НАТО не треба да се гледа само како своевидна безбедносна гаранција, туку и како силени далеку поширок општествен стимул за системско реформирање и генерално подигање на сите релевантни стандарди на општественото живеење и функционирање.

Членството во НАТО, рече Спасовски, на внатрешен план ќе ги унапреди демократските реформи, сигурност и стабилност, владеење на правото и економска привлечност за инвестициски активности, а тоа само по себе води кон економски раст и повисок животен стандард за граѓаните.

На интерактивната дебата на тема „Безбедносни придобивки и предизвици за С Македонија од членството во НАТО” холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп нагласи дека сигурноста и просперитетот одат рака под рака, и не е можна безбедност без просперитет, нити просперитет или напредок без безбедност.

-Зборуваме за проширување на нашата безбедност и за нашиот просперитет затоа што сме убедени дека безбедноста и напредокот треба да стигнат до секого во Европа и во таа смисла мислам дека сега се наоѓаме во завршна фаза од тој процес. РСМ ќе стане членка на НАТО затоа што државата припаѓа на НАТО од историски, од културолошки и економски аспект. Но, слободно можам да речам дека блиско е и зачленувањето во Европската Унија со што освен безбедноста ќе се зголеми и бројот на странски инвестиции, истакна амбасадорот Јан Коп и најави дека следната година на Охридско Езеро специјална вежба ќе изведе Кралската маринска единица со што уште еднаш ќе се потврди нашето добредојде за вас во НАТО.

Прочитајте и… Компаниите се повеќе инвестираат во општествено одговорни практики
Престојот на НАТО карванот во Битола го организираше граѓанската асоцијација МОСТ и со поддршка на Сектор за јавна дипломатија на НАТО, Министерство за надворешни работи на Кралство Холандија, Британска амбасада во Скопје и македонското Министерство за надворешни работи.

 

Актуелно

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и неговите луѓе, и колкав е неговиот капитал

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го...

Повеќе вести