Спас за мокрите чевли: Со овој трик ќе ги исушите за миг (Видео)

  • January 12, 2017
Кога обувките добро ќе ги намокрите, што е секако гарантирано во вакви временски услови, ќе пројде доста време додека тие во потполност да се исушат и да бидат подготвени за нова тура газење по раскашавениот снег. Но, постои трик со којшто може значајно да го забрзате целиот процес.Се прашувате во што се состои трикот? Во старите весници! Сè што треба да направите е да ја извадите влошката од чевлите ако може да се извади, а потоа во обувките да вметнете стуткани стари весници. Оставете ги извесно време на суво место и тоа е тоа!

А ако сакате значајно побрз резултат, ставете ги покрај радијатор или грејалка, само внимавајте да не ги ставите премногу блиску до изворот на топлина, туку оставете ги некаде на страна, кадешто нема да бидат директно изложени на премногу топол воздух.

Претходно «
Следно »