СПИЕШ ЛИ МИРНО ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА: Зоран Заев контра историчарите – Предлозите на Бугарија Блаже Ристовски ги оценуваше како антимакедонски

  • June 20, 2017
  • Коментари

Денешната посета на Софија на владина делегација од Македонија, предводена од Заев ќе биде запаметена, по изјавата на Заев дека Македонците и Бугарите имаат заедничка историја и прифати заедничко чествување на Илинден, по што ќе уследи потпишување на договор за добрососедство, кој првпат како опција беше прифатен од Бучковски, а значи чествување на голем број на празници заедно со Бугарите и воедначување на делови од учебниците по историја. Со ова Заев буквално ја предава македонската историја, култура, нација и идентитет и се израмнува со ставовите на бугарските националисти.


Своевремено од кобноста на ваквиот тип на договор, говореше академик Блаже Ристовски, татко на претседателката на ДОМ Лилјана Поповска, кој сега е во владина коалиција со СДСМ. Имено Ристовски во интервју за 24 Вести, во 2013 година по прашањето за договорот за добрососедство со Бугарија рече:

– Ништо не е спорно, само што и тие бараат да не сме Македонци, да сме во минатото Бугари , да прифатиме дека имаме бугарски корени и дека сме се родиле денеска како нова творба.

На прашање дали имаме нешто заедничко со Бугарија во моментов? Ристовски одговори:

– Заедничко имаме со сите соседи и со сите народи. Ние имаме заедничко и со Бугарија и со Грција и со Србија и со Албанија, ние сме живееле на овие простори и тоа ние најдолго сме живееле во овие простори.

https://www.youtube.com/watch?v=hiuiCW8k5UQ

Ристовски во интервју за Република од 2013 година, на прашањето: – Фил­мот „Тре­то по­лу­вре­ме“ ги зо­вре стра­сти­те и во Бу­га­ри­ја. Ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Ни­ко­лај Мла­дев ре­че де­ка не е вре­ме на Бал­ка­нот да се отво­ри Пан­до­ри­на­та ку­ти­ја и де­ка Ма­ке­до­ни­ја во­ди мно­гу „ан­та­го­ни­стич­ка по­ли­ти­ка“, одговори:

– Са­мо на­уч­на­та ви­сти­на е во на­ша ко­рист. Не­за­вис­но од тоа што ние во овој ре­ги­он пос­лед­ни се ја­ву­ва­ме ка­ко ме­ѓу­на­ро­ден суб­јект, со из­во­ју­ван и приз­нат ста­тус пред свет­ска­та јав­ност, таа ви­сти­на еден ден ќе мо­ра да би­де при­фа­те­на и во ре­ги­о­нот. Тоа што збо­ру­ва­те за Бу­га­ри­ја и на­ве­ду­ва­те та­кви из­ја­ви, не е ни но­во ни не­поз­на­то. Мис­лам де­ка тие из­ја­ви ќе сплас­нат ко­га ќе дој­де ко­неч­но­то ре­ше­ние со на­ше­то вклу­чу­ва­ње во ЕУ. Ни са­ми­те тие не­ма­ат ин­те­рес да на­ста­пат про­тив прос­пе­ри­те­тот и нор­мал­ни­от раз­ви­ток на Ма­ке­до­ни­ја. При­ја­тел­ски­те од­но­си се во за­е­мен ин­те­рес. Од дру­га стра­на, чеп­ка­ње­то во „Ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње“ од те­ри­то­ри­ја­лен ас­пект авто­мат­ски пре­диз­ви­ку­ва се­ри­оз­на и опас­на про­во­ка­ци­ја и соз­да­ва тен­зи­ја што би има­ла по­ши­ро­ки, не са­мо ре­ги­о­нал­ни пос­ле­ди­ци. За­тоа и тоа пра­ша­ње вни­ма­тел­но се за­о­би­ко­лу­ва, да не се до­пре до срж­та.

А срж­та е во тоа што ние сме на­род со сопс­тве­на исто­ри­ја и кул­ту­ра, со сопс­твен ја­зик, со сво­ја цр­ква – по­ста­ра од не­кои од со­сед­ни­те. Спо­ред тоа, ние сме на­род со исто­ри­ски ле­ги­ти­ми­тет и на­ше­то исто­ри­ско име ни­кој раз­у­мен не мо­же да го не­ги­ра. Но пра­ша­ње­то има по­ли­тич­ки ас­пект, па по­ли­тич­ки­те и на­ци­о­нал­ни­те чув­ства на не­кои од со­се­ди­те по­не­ко­гаш се изра­зу­ва­ат и во та­кви фор­ми и не­нуж­но ги тра­у­ма­ти­зи­ра­ат ре­ла­ци­и­те за мир­на и прос­пе­ри­тет­на со­ра­бо­тка. Би­тка­та за име­то од стра­на на Гр­ци­ја, а по­вре­ме­но и од Бу­га­ри­ја, на­ви­сти­на е за­чу­ду­вач­ка за све­тот. Но ре­ал­но­сти­те се та­кви и ние не мо­же­ме да из­бе­га­ме од нив.

Академик Ристовски, во свое постаро интервју за дневниот весник „Дневник“ , исто така коментирајќи го историскиот спор на Бугарија со Македонија изјавил:

– Бугарија си има своја историја. Тоа што и Македонија повремено влегувала во државните граници на средновековна Бугарија не значи дека ние имаме заедничка или иста историја со Бугарија.

Ристовски кој беше жесток поборник за македонската национална самобитност и идентитет го нема да излезе со став, по денешната изјава на Заев во Софија. Останува нејасно дали Ристовски се уште стои на ваквите свои ставови или сега поради коалицијата на ќерката со Заев мора да молчи и ги заборавил своите позиции и ставови вво врска со Македонија, нејзиниот идентитет, јазик и култура.

Претходно «
Следно »