СПОМЕНИКОТ НА ЌОСЕТО ЌЕ СЕ УРИВА: Грчев го подготвил елаборатот за уривање на споменикот на Ќосето!

  • November 1, 2017

Споменикот на Ќосето, според најавите, ќе биде првиот што ќе биде дислоциран. Елаборатот него е веќе изготвен од работната група на Министерството за култура што ја предводи професорот Мирослав Грчев за Канал 5. Во него, вели Грчев, се констатирани сите факти за начинот на кој споменикот е поставен, но каква ќе биде неговата судбина ќе треба да одлучи Владата

Грчев, вели дека завршен е елаборатот и за споменикот на Мајка Тереза, чија градба е веќе стопирана, а се работи на Порта Македонија и спомениците на Александар и Филип. Од Министерството за култура деновиве соопштија дека одлуките за тоа како ќе се постапува со спомениците ќе се носат во соработка со Град Скопје и општина Центар, откако ќе биде готова целата анализа на Скопје 2014.

Доколку се утврди дека некој од спомениците треба да се отстрани, тоа ќе се направи согласно законските процедури, а не преку ноќ, најавија од кабинетот на мистерот Алаѓозовски.

Претходно «
Следно »