October 1, 2020, 9:20 am

Според МЕПСО: Граѓаните се винoвни затоа што се бyнaт за пocкапата стрyjа

Поврзано

Носете маски, полицијата казнува: Регистрирани 890 прекршоци за 24 часа

Во текот на изминатото деноноќие (30.09/01.10.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична...

Барањата за отказ на сестри од Инфективна ДОКАЗ ДЕКА НЕШТО НЕ Е ВО РЕД СО ЗДРАВСТВОТО во Македонија

– Објавите на социјалните мрежи дека три медицински сестри од Клиниката за инфективни болести, меѓу кои и главната сестра,...

Заев за Каракачанов: Тој ми е пријател и тој премногу ја сака Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар, говорејќи за пpоблемот со Бугарија, рече дека вицепремиерот на...
- Advertisement -

Плаќаат повисоки сметки за мобилен телефон и интернет, а се бунат за поскапувањето на струјата. АД Мепсо излезе со соопштение по реакцииите во јавноста за новото зголемување на цената на електричната енергија.

Велат дека компанијата побарала покачување затоа што планира инвестициски циклус од околу 100 милиони евра. Тврдат дека во земјава не постои производител на потребната опрема за трафостаниците и далеководите и поради тоа целата таа опрема се набавува од странство поради што според нив голото споредување на цената на мегаватчас елетрична енергија со просечната плата во нашата земја е некорекно. Врз основа на анализите кои ги направила компанијата се утврдило дека се потребни инвестиции во постоечката инфрастуктура, постројките и далеководите.

-За жал, во одредени сегменти на нашето општество се уште постојат предрасуди и за најмала промена на цената на електричната енергија; дел од критичарите на цената на електричната енергија, во исто време, за мобилен телефон со интернет забава се подготвени да издвојат и значајни износи, често и далеку повисоки од сметката за електрична енергија. Понатаму, како висока сметка за електрична енергија се третира и сметка кога, оваа најскапа енергија, се користи за загревање на цела куќа или голем стан, се вели во соопштението од МЕПСО.

Од државните електрани пак посочија дека ќе предложат формирање на енергетски социјален фонд за подршка на ранливите категории. Но не одговорија дали за нив би било прифатливо евентуално намалување на ДДВ – то за електрична енергија од 18 на 5 отсто. Посочија дека одлука за тоа ќе одлучува новата Влада.

По реакциите во јавноста и протестите кои беа одржави во дел од градовите од регулаторна посочија дека ќе ја повлечат одлуката за зголемувањето на цената ако на тоа се сложат државните енергетски компании. Но по нивните реакции засега новата повисока цена останува на сила.

Струјата поскапе за 7, 4 проценти. Од регулаторна појаснија дека тоа се должи на кризата со вирусот и намалените приходи на енергетските компании.

Latest News

Почна новата учебна година

Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со...

Носете маски, полицијата казнува: Регистрирани 890 прекршоци за 24 часа

Во текот на изминатото деноноќие (30.09/01.10.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се...

Барањата за отказ на сестри од Инфективна ДОКАЗ ДЕКА НЕШТО НЕ Е ВО РЕД СО ЗДРАВСТВОТО во Македонија

– Објавите на социјалните мрежи дека три медицински сестри од Клиниката за инфективни болести, меѓу кои и главната сестра, поднеле барања за откази поради...

Грозданов: СДС-овски медиумски сперматоитодомани

Зборот Сперматоитодомани го има измислено Зоки Черне. За декодирање за жал го нема ни во Речник, ама добар е за размислување. Вака новинарот и...

(Фото) Сообраќајка кај ЕУ Инфо Центар, блокиран сообраќајот

Утрово, на крстосницата пред ЕУ Инфо центар, се случи сообраќајна несреќа, во која возило удрило во жардиниерата. Сѐ уште не се знае дали има жртви...

More Articles Like This