СПОРЕД ОВАА 109 ГОДИШНА ЖЕНА, ТАЈНАТА ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТА Е ДА СТОИШ ПОДАЛЕКУ ОД МАЖИ

  • August 19, 2018

Според оваа 109 годишна жена, тајната за долговечноста е да стоиш подалеку од мажи

Едно прашање го мачело и ќе го мачи човештвото, а се чини дека е невозможно да се најде одговор на тоа. Но се чини дека денес добиваме, барем приближен, одговор за долговечноста.
Џеси Галан е најстарата жена во Шкотска, а таа ја открива тајната за долг живот.

Таа за својот 109-ти роденден ја открива тајната за долговечноста, која сигурно ќе ве изненади и насмее.

Тајната на најстарата жена во Шкотска е јадење овесна каша секое утро, секојдневни вежби и избегнување на мажи!

„Тајната за мојот долг живот е стоење понастрана од…мажи…“

Таа го прославила својот 109 роденден во домот за грижа Crosby House во Aberdeen и со насмевка на лицето вели:

„Мажите се неволја која не вреди да ја имаш“ раскажувајќи таа за својот живот и независноста која ја имала од 13 години „Секогаш работев напорно и совесно. Заминав од дома кога имав 13 години и првата работа ми беше молзење крави.“

Бракот никогаш не ја интересирал, го поминала животот работејќи. Откако си заминала од школото, работела на фарма и како слугинка во дом на богаташи на Gray Street, Aberdeen, а потоа во историскиот Lauriston Hotel во Ballater како келнерка.

„Таа е неверојатна“ вели за неа еден од негувателите во Crosby House, таа е една од најпопуларните станари заради нејзина срдечност и љубезност.

Претходно «
Следно »