СПОРТИСТИТЕ АКТИВНИ ВО ПОМАГАЊЕТО: Македонската кендо федерација испрати луѓе и вода во најпогодените места!

  • August 10, 2016

Голем број на индивидуалци, компании, организации се вклучија во давањето на хуманитарна помош и помагањето во расчистувањето на последиците од поплавите кои вечерта во саботата кон неделата за само неколку часа ги уништија животите на илијадници скопјани

stajkovci_galerija (25)

Меѓу организациите е и Македонската кендо федерација.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Ве информираме дека согласно своите можности, Македонската Кендо Федерација донира еден тон вода за загрозените семејства зафатени од поплавата во Скопје.

Средствата се собрани преку пренамена на чланарините од членовите на клубовите како и од донации на членовите на Федерацијата. Воедно, МКИФ од денес ги стави на располагање своите простории како пункт за собирање на помош во облека, конзервирана храна, средства за лична хигиена и вода. Пунктот на МКИФ се наоѓа во населба Црниче, О.У. “Кузман Јосифовски – Питу”, на ул. Банско б.б.и ќе биде активен секој ден од 10.00ч до 22.00ч до Петок.Федерацијата стапи во контакт со градскиот Црвен Крст и согласно можностите ги стави на располагање просториите како и нејзинитечленови да учествуваат како волонтери во активностите на Црвениот Крст.

[/kopa_block_quote]

 

Претходно «
Следно »