October 20, 2021, 8:08 pm

Спортската јавност во шok: Paкометар yaпceн среде натпpeвар, бид дел од бaндата на Heволја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во голема акција на полицијата и жандармеријата на различни локации во градот, вчера во Србија биле уапсени вкупно шест осомничени за учество во криминални активности на групи предводени од Вељко Беливук и Марко Миљковиќ. Еден од нив „паднал“ во тренинг салата на Ракометниот клуб Партизан, а станува збор за Воислав Ѓорѓевиќ, кој настапувал за помладите категории на клубот.

Српското Министерство за внатрешни работи за порталот „Телеграф.рс“ потврди дека станува збор за наведената личност, која станал полнолетна личност пред само една година. Директорот на РК „Партизан“, Александар Богојевиќ, изјави дека во моментот на апсењето, тој бил во салата исклучиво од спортски причини. Членовите на жандармеријата и МВР го турнале на подот и му ставиле лисици на рацете.

Како што се дознава од медиумите, Ѓорѓевиќ е на трибините од својата дванаесетгодишна возраст и бил редовен на натпреварите на Партизан на стадинионот, на улицата „Хумска“.

Осомничениот бил приведен 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во Обвинителството за организиран криминал.

За потсетување, во координирана акција на полицијата, Службата за борба против организиран криминал, Полициската управа на град Белград, Агенцијата за безбедносни информации и Обвинителството за организиран криминал, Алекса С. (21), Слободан М. (40), Алекса Д. (24), Воислав Ѓ. (19), Милош С.Л. (21) и Мијат С. (22), вчера биле уапсени на повеќе локации во голема акција, под сомнение дека се членови на организирана криминална група предводена од Вељко Беливук познат како Веља Невоља и Марко Миљковиќ, попознат како „Месар“ и „Ѕверот“.

Според изјавата на српското МВР, се сомнева дека сториле кривични дела здружување заради извршување кривични дела и киднапирања.

Освен Ѓорѓевиќ, кој беше уапсен во спортската сала, другите биле уапсени во нивните станови. Еден од нив се обидел да избега преку тераса.

Latest News

Тасевски: Ќе ве обединиме сите за peшетки

Актерот Сашо Тасевски ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев за „обединување против злото“. Тој посочи дека нема потреба за...

More Articles Like This