Спeцијалецот Палмер тврди македонската граница е фикс: Кој тогаш сака да ја дели Македонија?

Во интервју за Блиц, Метју Палмер , специјален пратеник на САД за Западен Балкан, одговори и на прашањата дали постои страв дека прекројувањето на границите може да се прошири понатаму на Балканот.

Палмер беше дециден дека тоа нема да се случи.

Границите на Босна и Херцеговина и Македонија се фиксни. Никој не зборува за промена на границите на БиХ, никој не зборува за промена на границите на Македонија. Тоа не е прашање, рече тој.

Според него, тука е прашањето и се работи за дефиницијата за нормален однос меѓу Србија и Косово и за што може да се договорат Белград и Приштина. Ние ќе им помогнеме на нивниот пат кон ЕУ, а Србија и Косово се стремат кон европска иднина, а Косово исто така сака да биде членка на НАТО.

И за да го постигнат тоа, тие треба да се согласат и нормалниот однос е нешто што ЕУ и НАТО ќе го бараат. Соединетите држави би сакале да гледаат европска Србија, европско Косово и сите земји од Западен Балкан во семејството на ЕУ. Дефинирање на нормална врска е токму она за што се работи во овој дијалог, идентификување области на кои треба да се работи и решава, со цел односите да функционираат како што функционираат нормалните односи, рече Палмер.

Идејата за создавање „Република Илирида“од 1992 до денес циклично се реафирмира во турбулентни и сензитивни периоди за државата. И последната реафирмација е иста како претходните.

Старата идеја со нови заложби за создавање „Република Илирида“, како политичко-територијална автономија на Албанците во Македонија, повторно испливаа на јавната сцена. Темата е обновена на дебатата „Република Илирида – фундаментално решение за функционирањето на рамноправноста во РСМ“, што се одржа вчера во Тетово. Како што објави телевизија „Клан“, главниот мотив на учесниците бил да се реафирмира желбата на Албанците изразена на референдумот во 1992 година.

„Триесет години сме сведоци на жртвувањата, за да владееме заедно со другите народи во Македонија, но ова заедничко владеење не ги даде саканите резултати. Крајно време е за промени“, била пораката од дебатата.

ТВ „Клан“ ја пренесе изјавата на Неџат Беџети, претставен во дебатата како „претседател на Движењето Илирида“.

„Треба да се промени позицијата и статусот на Албанците во Македонија, бидејќи сме население со компактно распространување и голем демографски број. Меѓународните норми, Повелбата на Обединетите Нации и документите од Хелсинки ни даваат право да имаме автономно владеење и да ја имаме Република Илирида, која е израз на волјата на граѓаните – Албанци“, изјавил Беџети.