СРАМОТА: Самохрана мајка купува лек од 3 илјади евра за да преживее нејзиното дете!

  • January 21, 2019

Даница од Радовиш е самохрана мајка. Едното дете како последица на вродената срцева мана добива и пулмонална хипертензија. Соодветен лекар нема во Македонија за да се третира болеста па мајката е приморана да оди во Бугарија. Оттаму и го набавува лекот.

-Мојата ќерка е оперирана од срцева мана во 2015 година и тогаш добива пулмонална хипертензија. Има двокомпонентна терапија која е многу скапа. Го продадов и станот во Струмица за лекувањето, вели мајката Даница.

На осумгодишното девојче лекот што му е потребен босетан чини околу три илјади евра.

Мајката Даница вели дека неодамна се обратила и до Здружението за пулмонална хипертензија за помош.

Ирена Коцев од Здружението вели дека минатата година во декември кога почина пациент со пулмонална хипертензија на средбата со министерот за здравство Венко Филипче им било ветено дека лекот ќе биде ставен на позитивна листа. Но, оттогаш ништо.

-Министерот треба да одвои 200 евра месечно од неговата плата и сите 17 лица со пулмонална хипертензија ќе ја имаат целата терапија, вели Коцев.

Таа информира дека на Балканот во сите земји освен во Македонија и Албанија има лекови. Пациентите само во Македонија и Албанија се приморани по други земји да го бараат лекот.

Претходно «
Следно »