СРБИН ФАТЕН ЖИВ ПРИ КРАЖБА НА ЛУКСУЗЕН ЏИП ВО ДЕБАР МААЛО: Ќе му го украделе џипот од 100.000 евра додека седел во кафана

  • April 18, 2019

Српски државјанин бил затекнат на лице место додека се обидувал да украде луксузно возило марка „Ренџ Ровер“. За среќа сопственикот на возилото бил во кафаната во близина и го фатил на лице место.

„Осомничениот на 10.04.2019 година, на улицата Орце Николов во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, со провалување се обиделе да одземат туѓ подвижен предмет – автомобил. Осомниченото лице со употреба на подесен предмет (штрафцигер) го скршил задното десно стакло на паркирано патничко моторно возило ‘ренџ ровер’, сопственост на правно лице. Потоа влегол во возилото и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави возилото во погон. Во тој момент, од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал осомничениот во возилото, со што го спречил во намерата противправно да го присвои автомобилот вреден 6.241.800 денари“, соопшти Јавното обвинителство.

Од обвинителството велат дека барањето за притвор е поради опасност во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, а особено што се работи за српски државјанин за кого постои информација дека е предмет на национална потерница на српските државни органи.

Претходно «
Следно »