СРБИЈА ВЛЕГУВА ВО ЕВРОАЗИСКАТА УНИЈА СО РУСИЈА: Македонија сеуште одбива да склучи договор со пазар од 200 милиони потрошувачи!

  • May 31, 2016

Врховниот совет на Евроазиската економска унија донесе одлука да започне преговори со Србија за унификација на трговскиот режи, чиј резултат ќе биде заедничка зона за слободна трговија за сите земји на унијата и оваа балканска земја, изјави за новинарите министерката за трговија на ЕЕУ Вероника Никишина

„Врховниот совет на Евроазиската економска унија донесе одлука да започне преговори со република Србија за унификација на трговскиот режин“, изјавува Никишина. Тоа денес го потврди и претседателот на колегиумот на Евроазиската економска комисија Тигран Саркисјан.

„Денес е донесена одлука за почеток на преговорите со Република Србија за унификација на трговскиот режим со Евроазиската економска унија и Србија“, изјави Саркисјан на конференцијата за медиумите по заседавањето на Врховниот Евроазиски економски совет во Астана.
Мминистерката на ЕЕУ објаснува дека денес само три земји во унијата имаат договор за слободна трговија со Србија, и тоа се Русија, Казахстан и Белорусија, при што некои одредби на овие договори се разликуваат.

Сличен преференцијален режим помеѓу Србија и Ерменија и Киргистан не е востануван, со што билатерланата трговија со стока помеѓу овие земји делува на повластен режим. На пример, се применува истата стока на царина која е востановена со другите партнери во СТО.

„Според резултатите од преговорите кои се започнати, треба да склучиме нов договор за сона за слободна трговија помеѓу ЕЕУ, земјите членки и Република Србија. На тој начин трговскиот режим на Србија со сите земји во ЕЕУ ќе биде ист“, објаснува Никишина.

„Освен тоа, ова е најдобриот момент да се разговара за нови услови: да се види каква уште роба од земјите на Унијата би можела да се испорачува во Србија и да се бара поповолен режим за оваа роба“.

Во Астана, во Казахстан се одржува седница на Врховниот Евроазиски економнски совет. Рускиот претседател Владимир Путин и неговите колеги од Казахстан, Белорусија, Ерменија и Киргистан ги разгледуваат идните перспективи за интеграција во рамките на оваа организација.

Учесничките во унијата обединуваат повеќе од 180 милиони потрошувачи, а особен интерес има во формирање на заеднички пазар на нафта и гас, како и соработка со други земји, меѓу кои и Србија.

Во Македонија пак, Руската Федерација неколку години наназад се обидува да потпише договор за слободна царинска зона за увоз и извоз на Македонски и руски производи, но досега надлежните институции немаат одговорено на повикот, а во последните две години не е свикан ниту Македонско-Рускиот економски совет.

Претходно «
Следно »